По 50 години се обновува патот на Галичица кој ги поврзува убавините на Преспа и Охрид. Премиерот Заев изјави дека работите на рехабилитацијата предвидуваат отстранување на оштетениот асфалт, корекции на основата на патот и асфалтирање кое Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта го изведува во две фази.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска е вклучена во иницијативата на водечкиот глобален информативен сервис за централно банкарство и финансии, „Централ бенкинг“, за промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата. „Централ бенкинг“ објави авторски текст на гувернерката.
Спортистките рекоа – доста. Тие повеќе не сакаат да бидат сексуализирани. Време е нивните тесни и многу предизвикувачки дресови да заминат во историјата.
На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции.
Како дел од активностите на кандидатурата на Град Скопје за „Европска престолнина на културата за 2028 година“, назначени се две локации за легални ѕидови за слободно користење од уличните уметници за пишување и цртање графити, сликање мурали, тагови и слично.
Најновите податоци покажуваат дека делта-варијантата на Ковид-19 се шири брзо низ Европа и веќе е најдоминантниот сој во голем дел од регионот.
Демонстранти синоќа излегоа на улиците во повеќе бразилски градови барајќи повлекување на претседателот Жаир Болсонаро, чија популарност во последните неколку недели драстично се намали поради корупцискиот скандал во чија заднина е пандемијата на коронавирусот
На Олимписките игри во Токио, во тек е вториот натпреварувачки ден, кој го одбележуваат јапонските спортисти. Домаќинот на Олимпијадата го презема од Кина лидерското место на листа медалисти.
Македонската џудистка Арбреша Реџепи издржа само една минута во своето деби на Олимписките игри. Таа утринава во категоријата до 52 килограми загуби (11:0) од Челси Џил од Велика Британија со ипон во првата рунда.