ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спортистките рекоа – доста, повеќе не сакаат да бидат сексуализирани

July 25, 2021 10:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Спортистките рекоа – доста. Тие повеќе не сакаат да бидат сексуализирани. Време е нивните тесни и многу предизвикувачки дресови да заминат во историјата.

Ова е порака која сè повеќе се слуша на разни спортски натпревари во женска конкуренција.

Прво, норвешката женска репрезентација во ракомет на песок се побуни против кодексот на облекување за нивниот спорт, кој ги обврзува да носат гаќички во бикини, а сега и германските гимнастичарки кренаа прашина.

Ракомет на песок. Норвешка женска репрезентативка. (Фото: Maxim Tumanov / Sputnik via AP)

Германките ќе одлучат дали сакаат на денешните квалификации на Олимписките игри во Токио, да носат дрес што го покрива целото тело, комбинација на трикота и хеланки, или само стандардното трико , откако добија пофалби за облеката за борба против сексуализацијата на нивниот спорт.

Германскиот тим носеше уникатна комбинација, што ги покриваше спортистките од врат до глужд, што наиде на огромна симпатија и одобрување од другите гимнастичарки од целиот свет.

Германски гимнастичарки на тренинг во Токио, во трико и хеланки (Фото: Kyodo/newscom/Newscom/Profimedia)

– Сакавме да покажеме дека секоја жена треба сама да одлучи што ќе облече,

„Тоа не значи дека повеќе не сакаме да носиме вообичаени дресови. Тоа е одлука што се менува од ден на ден, врз основа на тоа како се чувствуваме и што сакаме. На денот на натпреварувањето, ќе одлучиме што да носиме“, рече 27-годишната Елизабет Сејц, која ќе се натпреварува, на за неа, третата Олипијада.

За жените, стандардниот дрес е трико, кој може да има долги ракави, оние до половина или да бидат без ракави. Облеката што ги покрива нозете е дозволена со уредбата за гимнастика на меѓународни натпревари, но до денес се користи исклучиво од религиозни причини.

Вообичаен дрес за гимнастичарка. Гимнастичарката од Белгија Lisa Vaelen (фото: Belga News Agency/Alamy/Alamy/Profimedia)

„Тренерите исто така нè поддржуваат. Тие рекоа дека во секој случај сакаат да се чувствуваме најбезбедно и најудобно “, рече 21-годишната Сара Вос.

Ким Буи, којa исто така се натпреваруваше на Олимписките игри во Рио и Лондон, рече дека новиот моден избор на тимот е подеднакво удобен како и стандарднотo трико.

„И тренираме во хеланки, така што навикнавме да ја чувствуваме ткаенината на нашите нозе. И нема многу разлика помеѓу натпреварот и тренингот. Удобно е и тоа е најважното нешто”, рече 32-годишната Буи.

Во последниве години, спортот го потресуваат многу случаи на сексуално и физичко злоставување, што предизвика длабока интроспекција и воведување на нови безбедносни протоколи наменети за заштита на спортистите.

Пред неколку дена, споменатата норвешката женска ракометна репрезентација беше казнета откако девојките во мечот за 3-то место на Европското првенство во Варна одбија да носат бикини гаќички, бидејќи сметаат дека станува збор за сексуализација на ракометарките.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Norges Håndballforbund (@handballandslagene)

Норвежанките се побунија и рекоа дека повеќе не сакаат да носат бикини гаќички на турнирите затоа што веруваат дека станува збор за сексуализација на ракометарките. Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) го одби нивното барање, заканувајќи им се со казна. Сепак, Норвежанките не се повлекоа, туку настапија во кратки шорцеви кои не се во согласност со правилата на ИХФ за ракомет на плажа и заработија казна од 150 евра по ракометарка, или вкупно 1.500 евра.

Норвешката ракометна федерација соопшти дека ќе ја плати казната со давање поддршка на ракометарките.

извор: Jutarnji list

подготви: Ј. Ѓорѓиоски

 

 

Next Post

Ангеловска-Бежоска вклучена во иницијатива на „Централ бенкинг“ – промовирање на рамноправноста, различноста и инклузијата

НАЈНОВО

МИА

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ЦУК и ЈП Национална радиодифузија

November 4, 2025
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Славните Скорпии и моќта на трансформацијата

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk