ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи за Фактор: Прераснуваме во економија на можности, на старт-апи, во земја на иновации!

July 26, 2021 10:20
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

“Условите за започнување на нов бизнис и создавање на старт-апи се подобруваат, а младиот претприемач полека, но сигурно, го зазема централното место во домашната економија. Новите, иновативни бизниси се моторот на денешницата во современите економии. Ние сме на вистинскиот пат да изградиме систем и политики кои ќе ги поддржуваат нашите претприемачи, да се охрабрат и да почнат да ги реализираат своите идеи“, потенцира  Битиќи, во колумната за порталот Фактор.

Вицепремиерот во својата колумна информира дека како дополнителна поддршка за домашната економија, пред околу 6 месеци е формиран Националниот старт-ап совет, чија цел е размена на идеи, за да се креираат политики и да се создаде клима која ќе поддржува развој, иновативност, креативност и успех на новите бизнис идеи. Во моментов проектите на домашните старт-апи се ко-финансирани од Фондот за иновации и технолошки развој до 70% од вкупната вредност на проектот, што значи дека за овие копании се обезбедува навистина силна финансиска поддршка од државата, односно од буџетот.

Битиќи пишува дека во моментот се работи на неколку законски решенија кои треба да воведат промена во актуелната состојба да го олеснат влезот и да се овозможат дополнителни финансии од приватни инвеститори во старт-ап компаниите.

„Владата ги гледа младите претприемачи како важен сегмент околу кој треба да се гради долгорочната стратегија за развој на домашната економија во иднина и сметаме дека токму Владата треба да е таа што ќе им го олесни патот кон бизнис светот на оние кои за првпат сакаат да започнат сопствен бизнис. За само четири години, Фондот за иновации и технолошки развој се претвори во дом за сите микро, мали и средни компании, а сега во своето портфолио брои преку 640 компании кои реализирале, започнале или ќе започнат со реализација на проекти во вкупна вредност на инвестицијата од 85,1 милиони евра“, подвлекува вицепремиерот.

Како еден од клучните предуслови за развој на претприемништвото, Битиќи го посочува постоење на квалитетен и современ образовен систем, пришто додава дека тоа развојот че биде уште позабрзан во комбинација со активно вложување во инкубаторите и акселераторите за поддршка на старт-ап компаниите.

„Силно верувам во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, тие се оние кои ќе не воведат во четвртата индустријализација. Со нив можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите, преку нив да работиме на се поголема инклузивност и диверзификација по сите основи. За да можеме да го оствариме сето ова има неколку клучни точки кои мора да работат во синергија – првата точка е образованието. Тука треба да почне семето на претприемништвото и да се храни храбриот и  иновативен дух на младите луѓе. Самите универзитети и професорите треба да земат активна улога во поттикнувањето на новите лидери кои ќе го променат светот. Следни се инкубаторите и акцелераторите кои ќе вложуваат во ран развој, кој ќе даваат шанса на многу млади бизниси за да може од сите нив да се види кои ќе го поминат ситото и ќе преминат во следната фаза. По нив се инвестициските фондови, како Фондот за иновации, но и приватни фондови кои ќе вложуваат во супер креативни идеи на новото време. Секако, политиките и поставеноста на економскиот систем е работа на Владата и на тоа посветено работиме. Заедно со Националниот совет за старт-апи веќе работиме на овие храбри чекори, се надевам дека ќе инспирираме што повеќе луѓе да се вклучат и ќе бидат понесени од идејата – Северна Македонија старт-ап дестинација во регионот“, потенцира во колумната за порталот Фактор, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Next Post

Колев: Бугарите во Северна Македонија можат да бидат корисни во дијалогот меѓу Скопје и Софија

НАЈНОВО

Грасли: Имаме причини да веруваме дека Додик не ги сменил намерите

November 6, 2025

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk