По победите над двократниот светски првак Alba Castillo од Куба и Seydou Gbane од Брегот на Слоновата Коска, Дејан Георгиевски извојува победа и над големиот фаворит, Кореецот Kyo Don In (12:6) и се пласираше во големото финале на турнирот во Таеквондо на Олимпијадата во Токио.
Состојбата со Ковид-19 во државата засега останува стабилна. Вчера беа регистрирани 16 оздравени лица, а вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови во државата. Во тек е и пријавување за вакцинирање во домашни услови. Најмногу активни случаи има во Скопје – 108, а на територија на државата вкупно 300.
Времето денеска во државава ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска започна етапната исплата на јулските пензии. Ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Селектирана карикатура на „Светска галерија на карикатури Скопје 2021“, организирана од „Остен“:
М. Миткоска