ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Расправата по новиот закон за работни односи продолжува по одморите, во собраниска процедура ќе се најде наесен

July 27, 2021 12:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за работни односи со кој целосно ќе се регулира оваа сфера најверојатно ќе влезе во собраниска процедура на крајот на октомври или почетокот на ноември и ќе биде донесен до крајот на годината.

-Драфт верзијата на законското решение е изработена од страна на МТСП. Дебатата по него ќе продолжи по завршување на годишните одмори со сите учесници кои се засегнати од носење на ова законско решение. Ние како Министерство го изготвивме законот во првичната работна верзија, која што секако ќе биде дополнувана, менувана, затоа што сакаме да имаме сенс за сите, затоа што тоа ги адресира проблемите на работниците, на работодавачите, на мајките кои треба да користат породилно боледување, така што, не би сакала да говорам во детали за ова законско решение. Ние многу јавно и транспарентно ќе говориме за него во периодот што претстои, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на градинка во Стајковци.

Во врска со законското решение за недела – ден на неделен одмор таа истакна дека тоа се носи во интерес на работниците.

-Тие се најголемиот капитал на една држава кога говориме за системот на работни односи. Законското решение го работевме цели седум месеци, многу јавно и транспарентно со учество на сите партнери од социјалниот дијалог, на пет седници на Економско-социјалниот совет, преку учество во дебата, во емисии и јавни настапи, така што ќе работат само оние дејности коишто се неопходни за непречено функционирање на државата. Кога велам неопходно функционирање не сите вработени во овие дејности, туку минимумот на работници коишто се неопходни за да може ние да имаме струја, да работат телефоните, да имаме вода, собирање на сметот, здравствена заштита, згрижување на лицата во системот на социјална заштита…, рече министерката Шахпаска.

Според неа, ова е законско решение кое што треба да воспостави баланс меѓу професионалниот и приватниот живот на работниците затоа што, како што посочи, само мотивирани работници кои имаат испочитувани работнички права создаваат поголема продуктивност, а со тоа генерираат задоволство и на работодавачите и напредок во економијата на државата.

извор: МИА

Next Post

МЗ: Вчера се аплицирани 18.149 вакцини

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk