Македонскиот премиер, Зоран Заев, денеска ги пречека албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ. Попладнево, тие беа на прошетка низ центарот на градот. Заев на социјалните мрежи сподели неколку фотографии.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за Македонската телевизија одговорајќи на новинарско прашање, – за ветената минимална плата од 500 евра и какви се прогнозите за нејзино остварување, рече дека се многу блиску до реализацијата на ветеното.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во дводневна посета на Скопје, каде ќе се сретне со премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и Албанија, Еди Рама, во рамки на регионалната иницијатива за соработка позната како „Мини Шенген“.
Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. Заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски, кој се обрати пред гласањето за ребаланост, истакна дека клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии.
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју за битолската телевизија Тера, рече дека во изминатите четири години отворени се 59 детски градинки, нешто што не може да се спореди со претходната влада.