ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рама: Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот

July 29, 2021 12:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Економски форум Скопје (фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн)

Share on FacebookShare on Twitter

Овој регион не може да продолжи да е заложник на минатото, поделени сме ситни. Сакаме да се проектираме кон иднината преку оваа иницијатива која не измислува ништо ново. Она што ќе го правиме во ЕУ утре, почнуваме да го правиме денес и тука во регионот, изјави премиерот на Албанија Еди Рама во воведното излгање на Регионалниот економски форум во Скопје.  

-Зошто би требало ние да чекаме затворени во нашите граници свртени грб со грб еден спроти друг како што тоа се случувало во минатите 500 години, бидејќи на крајот на денот оној момент кога ние ќе се интегрираме во ЕУ ќе го правиме токму ова што го правиме овде без ЕУ, вели Рама. 

 Не дека можеме да си го одземеме овој потенцијал којшто овој регион го има и оваа соработка ја пружа., ние треба да сториме се за, вели, да си повратиме малку од изгубеното време кое што е тешко да се придобие повторно. Ние го немаме тој луксуз да губиме време бидејќи изгубивме премногу. 

– Ова не е ниту помалку ниту повеќе туку формирање на еден амбиент којшто живее со принципите, вредностите и механизмите на ЕУ, но во меѓувреме секоја земја посебно си ги води своите напори за пристапување кон ЕУ. Поради што сите камиони и стока која што патува во земјите во регионот сега ќе минува се помалку време чекајќи на граница отколку патување. Секторот на трговијата ова го знае многу добро, многу подолго време се чека на граница отколку времето за да се стигне до друга гранична точка. Во чие име треба да ја прифатиме оваа реалност дека ова не е начин  на којшто се оди во ЕУ, во име на историјата, на конфликтите, во име на некои нерешени прашања за коишто знаеме многу добро дека треба да бидат решени во иднина.  Токму овде сакам да повторам. Нерешените работи помеѓу нас нема да се решат полесно отфрлувајќи и негирајќи го потенцијалот на ова здружување. Што повеќе овој потенцијал за соработка се преточува во слобода на движење, во економија, во перспективи до толку е повеќе можно нерешените прашања да бидат разрешени бидејќи сите овие општества ќе преминат на едно ново ниво на разбирање на себеси, останатите но и на иднината, вели Рама.  

Премиерот Рама посочи дека денешниот ден доби уште една димензија на големина и значење и заради огромното присуство на деловните луѓе не само од Албанија и Србија, Северна Македонија, туку и од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Грција и од повеќе други земји.

Тој ја нарече оваа иницијатива за Албанија стратешка и потенцираше дека токму тој мозаик силно говори за вредноста на оваа иницијатива и за тоа колку на луѓето од бизнисот оваа иницијатива им е потребна, и дека заедничкиот регионален економски простор може многу повеќе да постигне отколку што тоа можат земјите сами и одделно да го направиме.

На Регионалниот економски  форум во Скопје на кој се приутни претставници на повеќе од 300 компании од регионот и од меѓународни институции, ќе биде објавено новото име на регионалната иницијатива што досега беше неформално нарекувана како „Мал шенген“ и ќе бидат потпишани трилатерални договори што се очекува да го подобрат животот на граѓаните и на бизнис заедницата од Западен Балкан.

Next Post

Теренска вакцинација за петок 30.07.2021година

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk