ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Не е точно дека 60 отсто од хоспитализираните во Британија биле вакцинирани со 2 дози

July 29, 2021 19:06
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Наспроти тврдењето во постот, вистината е дека 60 проценти од хоспитализираните поради компликации од ковид-19 во Велика Британија се невакцинирани. Ова се гледа од исправката којашто на Твитер ја напиша британскиот научник Патрик Валанс, кој ја коригира својата грешка во статистиките коишто претходно ги навел прес-конференцијата со британскиот премиер Борис Џонсон, пишува Вистиномер.мк.

 

Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк до статија на „Ројтерс“. Авторот на постот вели:

Ројтерс тврди дека 60 проценти од хоспитализираните биле пелцовани со две дози. Нели штитеше од хоспитализација и тешки форми на болеста?

Текстот на „Ројтерс“, се однесува на состојбата во Велика Британија и во него, наспроти изнесеното во постот, се тврди дека 60 проценти од лицата во Британија кои се хоспитализирани се невакцинирани. Ваквата исправка на своето тврдење ја дал советникот за наука на Велика Британија, Патрик Валанс, откако претходно учествувал на прес-конференција со британскиот премиер Борис Џонсон.

Би сакал да направам исправка на една од статистиките што ја дадов на прес- конференцијата. Околу 60 проценти од хоспитализациите со ковид, не се од лица коишто примиле две дози од вакцината, туку од лица кои воопшто не се вакцинирани, напиша Валанс на Твитер.

Од коментарите на постот што го рецензираме, евидентно е дека и читателите му сугерираат на авторот на постот, дека 60 проценти од хоспитализациите во Британија се состојат од невакцинирани лица. Но, на ова тој одговара дека зад промената не стои човечка грешка во соопштувањето на статистиките, туку дека „некој се јавил од горе и оп, се случила промена“.

Меѓутоа, зборувајќи на брифингот заедно со Борис Џонсон, кој се појави накратко од домашната самоизолација, Патрик рече дека хоспитализациите може да пораснат над 1.000 на ден, но:

Стапките би требало да се пониски отколку претходно поради заштитните ефекти на вакцинацијата.

Тој, исто така, истакна дека вакцините не се 100 процентно ефективни, но се многу, многу ефективни.

Тие се многу многу ефективни, но не стопроцентно. Како што сè поголем дел од популацијата прима две дози од вакцината, неизбежно е дека 10 проценти од ова население ќе остане во ризик од хоспитализација и инфекција, додаде Патрик.

Во поглед на вакцинацијата во земјава, нашите имунолози и епидемиолози, се поборници за масовна вакцинација како единствено оружје против новите мутации на коронавирусот, неговите тешки форми и смртни последици.

Поради сето горенаведено и поради исправката на британскиот научник на неговата грешка во статистиките дадени на прес-конференција, оценуваме дека е невистинито тврдењето изнесено во постот, дека 60 проценти од хоспитализираните во Велика Британија се вакцинирани со 2 дози против ковид. Вистината е дека споментиот процент од хоспитализираните поради компликции од ковид-19 се невакцинирани.

извор: МЕТА.мк

Next Post

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ повторно го блокира законот со кој 4.700 наставници и стручни соработници во образованието добиваат трајно вработување

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Досега 30 репрезентации изборија учество на СП 2026

November 15, 2025

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

November 15, 2025
Фото: Maria Oswalt / Unsplash

Во САД извршена уште една смртна казна: 44-годишиот Стивен Брајант, осуден за тројно убиство

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk