ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Лекот „Калидеко“ доцни, тој ќе пристигне наскоро во нашата држава

July 30, 2021 14:40
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче, на пратеничко прашање на пратеникот Кирил Пецаков од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за двомесечното доцнење на лекот „Калидеко“, кој им беше ветен на три болни деца на почетокот на јули, рече дека се надева оти за кратко време тој ќе стигне во нашата држава.

– Тој лек е за деца со цистична фиброза, кои имаат специфична генетска мутација. Лекот не може да им се даде на сите со таква болест, туку се идентификуваа три деца на кои и им се даде терапијата. Тој лек претходно го немаше во нашата земја. Стручниот тим на Клиниката за педијатрија имаше задача да го евалуира ефектот од лекот. Видовме дека тој навистина има ефект и го внесовме во нашата програма. Тоа е тој период, во кој сега чекаме да заврши процедурата. Беше најавено дека ќе пристигне. За жал, роковите се одолговлекуваат. Јас сум речиси секојдневно во комуникација со членовите на семејствата на децата и мислам дека за навистина кратко време ќе стигне во нашата држава, со што децата ќе продолжат со терапијата, која првпат ја добија, а која навистина им е потребна, објасни министерот Филипче.

На дополнително прашање на Пецаков, кога точно ќе стигне лекот, министерот рече дека следната недела треба да заврши целата постапка.

– Нас ни беше најавено од компанијата, која е единствена што го произведува лекот, дека ќе стигне тогаш кога кажавме. Верувам дека ќе биде следната недела. Но, не сакам повторно да се потпрам на нивните најави, затоа не кажувам точен датум, изјави министерот за здравство.

Во однос на едномесечното доцнење на инхалаторната терапија, министерот рече дека тоа не е во рамки на Министерството за здравство, туку болницата Козле. Тој рече дека ќе се распраша за проблемот и ќе му одговори на пратеникот Пецаков во писмена форма.

извор: МИА

Next Post

Шаќири: Максимално ќе го поддржиме создавањето сектори со функција на примена на јазиците во државните институции

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk