ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп давал инструкции министерот за правда да објави „изборите се корумпирани“

July 30, 2021 22:01
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот заменик на државниот обвинител на САД предал докази на Конгресот дека поранешниот претседател Доналд Трамп влијаел првите лица во Министерството за правда да објават дека претседателските избори во 2020 година биле лажирани, јави Вашингтон пост.

-Само кажи дека изборите се корумпирани, плус остави сè друго на мене, му кажал Трамп на тогашниот вршител на должност државен обвинител Џефри Роузен. Во САД, државниот обвинител истовремено ја извршува и функцијата министер за правда.

Белешките се предадени од заменикот Ричард Донохју, кој го слушнал разговорот меѓу Трамп и Роузен. Ова е уште еден доказ дека при крајот на 2020 година експретседателот се обидувал да влијае на резултатот од изборите и да ја оспори победата на противкандидатот Џо Бајден, коментира весникот.

Во еден разговор на 27 декември, како што стои во белешката Роузен му рекол на Трамп „не можам + нема да плеснам со прстите + да го променам резултатот од изборите“.

Претседателот одговорил дека разбира но дека сака министерството „само да каже изборите се корумпирани + остави сè друго на мене и републиканските конгресмени, пишува во забелешката замена од Донохју.

Демократите веднаш реагираа на овој најнов доказ за дејствата на Трамп да успее во напорите за поништување на изборите.

-Ова покажува дека претседателот Трамп директно давал инструкции на првите луѓе од нашето Министерство правда во последните денови од неговото претседателство да преземат чекори да се поништат едни слободни и фер избори, изјави Каролин Малоуни, претседателка на Комитетот за надзор и реформа на Претставничкиот дом.

Републиканците сè уште не го коментирале објавувањето на забелешките.

По немилите настани со упадот на насилна толпа во Капитолот на САД на 6 јануари, инспирирана од повиците на Трамп дека изборите наводно биле фалсификувани, тој потоа беше отповикан од Претставничкиот дом, раководен од демократите.

извор: МИА
Next Post

Маричиќ: Најкриминалната партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да бара оставки

Shortcut

Најново

Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk