ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Капиталната инвестиција во јужната долина на реката Вардар обезбедува навремено и квалитетно наводнување на нови 2.150 хектари за модерно земјоделство

July 31, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
„Во предвидениот рок е реализирана втората фаза на „Проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, што за земјоделците значи намалување на трошоците за производство и предуслов за осовременување на агро-секторот. Станува збор за модерен систем за водоснабдување во земјоделството, кој е од витално значење за овој крај. Без правилно и рационално управување со водните ресурси и без современи системи за наводнување, не можеме да зборуваме за развиено земјоделство“, рече премиерот Зоран Заев по повод изградбата на системот за наводнување со кој се обезбедува навремено и квалитетно наводнување за вкупна површина од 2.150 хектари на територијата на Општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.
На настанот се обратија и вицепремиерот Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, како и заменик-амбасадорот на Германија, Ото Граф, а присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Премиерот Заев рече дека со ваквите инвестиции се зголемува конкурентноста на земјоделство, а тоа значи и подобри услови за работа и живот на населението во целиот валандовски регион.

„Модерно, конкурентно, извозно ориентирано земјоделство е еден од нашите приоритети. Даваме силна поддршка за земјоделството и затоа од голема важност е да се користат сите повици и програми на Владата кои се вистинска можност за осовременување на земјоделското производство. Заеднички ќе направиме сѐ за да ги искористиме максимално средствата наменети за агро-секторот и руралниот развој. Имаме ресурси. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството и Платежната агенција се ставени во систем за информациите да допрат до земјоделците и да се искористат достапните средства и знаење. Заедничка цел ни е развој на македонскиот аграр и поголем рурален развој во земјата, а со тоа и на севкупната економија“, подвлече премиерот Заев и упати честитки за успешната работа на сите инволвирани во процесот.

Вицепремиерот Николовски рече дека севкупната инвестиција е над 24 милиони евра, и заедно со првата фаза од проектот, се комплетира оваа успешна инвестиција, што е од исклучително значење за валандовско-гевгелискиот регион.

„Огромна инвестиција сметам дека треба да е пример за тоа како ние политичарите треба да постапуваме одговорно кон интересите на граѓаните, кон она што е наша обврска и што побрзо да создадеме сè подобри услови за земјоделците, особено за оние од овој регион коишто тоа го работат. Но, имавме и визија, не застанавме тука, туку уште тогаш работевме на она што денес, еве повторно, се гледа како реалност низ постапките, а тоа е одлуките кои Владата ги носеше за дополнителни 100 милиони евра за четири нови системи за наводнување. Денес сме сведоци на овој систем за наводнување кој го пуштаме во употреба, но ја имаме визијата и веќе Министерството и сите структури работат и на Јужно-вардарска долина трета фаза, и на Пепелиште и на Лисиче и на сите останати системи за наводнување за коишто верувам дека сведоци ќе бидеме во наредниот период“, рече вицепремиерот Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа рече дека без вода, нема конкурентно земјоделско производство.

„Без модерни системи за наводнување, нема развој на агро-секторот. Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада. Токму затоа, денешниов ден е од историско значење за државата, за институциите, за општините, а најмногу за земјоделците од овој регион. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја зголемува конкурентноста на земјоделскиот сектор. Во целиот тој процес наводнувањето има огромна улога. Токму затоа, Министерството ќе продолжи да се залага за изградба на нови системи за наводнување. Во Инвестицискиот план за управување со водите и инфраструктурата за наводнување, предвиден е буџет за рехабилитација и модернизација на постоечката инфраструктура за наводнување, како и поправка на мали брани и резервоари. Изработени се основни проекти за мали системи кои треба да се градат во иднина и за кои е обезбедено финансирање“, рече министерот Хоџа и упати честитки до директорот Горан Ангелов, кој успешно го менаџираше проектот за наводнување на Јужната долина на реката Вардар.
Градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов истакна дека завршена е најголемата инвестиција од постоењето на Општината и реализиран е проект од суштествено значење за општинскиот развој и перспектива.
„Трасиран е патот кон чиста и еколошка животна средина со развиено земјоделство. Системот за наводнување „Јужна Вардарска долина” е капитален проект од огромна важност за граѓаните. Истиот ќе обезбеди поголем квалитет на земјоделска обработка и континуирано снабдување со вода за наводнување во текот на цела година. Искажувам благодарност на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и сите вклучени во реализацијата на овој проект“, рече градоначалникот Костадинов.
Заменик-амбасадорот на Германија во земјава, Ото Граф, го изрази задоволството од завршената инвестиција – системот за наводнување, од застарен отворен канал до модерен и целосно автоматизиран систем за поефикасна употреба на вода, но и на енергија.
„Најважно е дека со оваа инвестиција земјоделците како крајни корисници ќе имаат сигурна вода за наводнување за своите полиња, а со тоа и многу подобра перспектива за планирање на нивното производство како и подобри услови за работа“, рече заменик-амбасадорот Граф.
Средствата за успешна реализација на проектот се обезбедени 30% од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и 70% во договор со Владата на Сојузна Република Германија, застапувана од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем под поволни услови.
Next Post

Заев за „Отворен Балкан“: Додека ЕУ не го испорача ветеното, ние мора да работиме и да го унапредуваме животот

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk