ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот Пендаровски на чествување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Крушево

August 1, 2021 16:30
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата Стево Пендаровски, утре, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, ќе присуствува на чествувањето на државниот празник во Крушево.

-На Мечкин Камен, во Крушево со почеток во 18:00 часот ќе се одржи централната свеченост која ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Во продолжение ќе следува културно-уметничка програма на која ќе настапат ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, ансамблот на албански народни ора и песни во Република Северна Македонија, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата. Во рамки на културно-уметничката програма, Никола Ристановски ќе одржи пригодна реч со пораки за Илинден.

-Пред централната свеченост на Мечкин Камен, во 10:20 часот во Крушево, претседателот Пендаровски ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе присуствува на програма подготвена од баталјонот за почести на Армијата пред споменикот „Македониум“. Претседателот Пендаровски ќе ги предводи делегациите на полагањето свежо цвеќе и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, известуваат од кабинетот на Пендаровски.

Централната свеченост по повод чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката на Мечкин Камен, како и одбележувањето на државниот празник пред споменичниот комплекс „Македониум“ ќе бидат пренесувани во живо на јавниот сервис, како и на Facebook страницата и на YouTube каналот на Претседателот.

Делегации од Кабинетот на Претседателот ќе присуствувааат на чествувањата по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Скопје, Пелинце и во Смилево.

Во Скопје, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија. Во Пелинце, делегација од кабинетот на шефот на државата ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ.

Во Смилево, делегација од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев, на Могилата на Даме Груев, како и на Споменикот на смилевските илинденци и на Спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“.

извор: МИА

Next Post

Награда за „Врба“ во Њујорк

Shortcut

Најново

СДСМ со обвинувања за скандал без преседан: Државата се откажа од заштитата на Арабати баба-теќе во Тетово

June 12, 2026

Награди на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“: „Страв и надеж“ на МНТ – најдобра претстава, „Црнила“ со пет награди

June 12, 2026

Спасовски: Мицкоски нема намера да напрви ниту чекор кон ЕУ

June 12, 2026
Фото: Влада

Мицкоски од Истанбул: Презентираме силна владина поддршка за привлекување нови турски инвестиции

June 12, 2026

Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

June 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk