Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев објави на „Фејсбук“ дека општината испратила помош за Кочани.
-ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец се упатија кон Кочани за да помогнат во справување со силниот пожар. Теренска Лада нива, џип со пумпа, „даф“ со 5000 литри, „ивеко“ со 9000 литри и седум пожарникари се дел од помошта која е испратена од Општина Кавадарци, напиша на „Фејсбук“ Јанчев.
извор: МИА





