ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бaузер: Историската борба за самоопределување на Македонија е слична со борбата за државност на Вашингтон

August 2, 2021 08:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бaузер, и годинава заедно со Македонците кои живеат и работат во САД, го одбележува празникот Илинден. Формално, празникот лани беше прогласен како Ден на македонско-американската традиција кој редовно се одбележува на 2 Aвгуст.

Во проглас испратен викендов до Македонците во САД по овој повод, а кој Обединета македонска дијаспора (ОМД) го сподели со МИА, градоначалничката Баузер ги спореди напорите на округот Колумбија да стекне право да стане сојузна држава со борбата за независност и самоопределување на Македонија.

-Историската борба за самоопределување на Македонија е слична со денешната борба за државност на нашиот град, што резонира со македонско-американската заедница во Вашингтон која стои солидарна со нас, се вели во прогласот.

Умерените демократи бараат Округот Колумбија да стане 51-ва држава на САД, со што интересите на околу 700.000 жители ќе бидат бранети преку претставник во Конгресот, но засега за тоа нема поддршка од републиканците.

Понатаму во прогласот на Баузер за Илинден се вели дека „Вашингтон е горд што ги слави културните традиции, потеклото, кулинарството, јазиците, историјата и огромните жртви на македонската заедница. Ние исто така можеме да научиме од бескомпромисните концепти на нивните предци за слобода, независност и еднаквост, што фундаментално го променија текот на македонската историја и го зајакнаа народот да остави храбро наследство во својата татковина и низ целиот свет“.

Прогласот започнува со зборовите:

ДОДЕКА Обединетата македонска дијаспора и македонско-американската заедница го одбележуваат Илинденското востание од 1903 година, бунт во потрага по слободна, независна и суверена Македонија;

ДОДЕКА, македонската независност на почетокот беше краткотрајна, Илинденското востание значително резултираше со формирање на првата демократска република во Југоисточна Европа и ги постави темелите за ослободување и независност во 1991 година;

ДОДЕКА историската борба на Македонија за самоопределување е паралелна со денешната борба за државност на нашиот град, што резонира со македонско-американската заедница во Вашингтон која стои солидарна со нас:

СЕГА, ЗАТОА јас, градоначалничка на Вашингтон, со ова го објавувам 2 август 2021 година за „ДЕН НА МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКО НАСЛЕДСТВО“ во Вашингтон. /МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk