ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт на „Синтезис“ на Античкиот театар за 61-от роденден на Охридско лето

August 4, 2021 13:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот „Охридско лето“ денеска го прославува 61-от роденден, временски период низ кој успеа да се испрофилира во манифестација со извонредно голема уметничка вредност, институција со апсолутно најголема и најзначајна продукција на настани од областа на музичката и драмската уметност во земјава.

Директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, на роденденската прес-конференција истакна дека богатата историја на „Охридско лето“ само го потврдува влогот на многу генерации уметници и нивните напори да се исткае успешната приказна на врвната културна сцена.

– Денеска по 61-пат посакуваме да ни е вечен Фестивалот кој зад себе испиша богата историја со славни имиња од светската музичка елита и врвните театарски креации. Низ изминативе години голем број светски уметници настапиле на „Охридско лето“. Повеќе од половина век фестивалската програма нуди несекојдневни доживувања, настани кои по својот уметнички квалитет и атрактивност го прават „Охридско лето“ најдоброто, како кај нас, така и во светот. Секоја година 40- те фестивалски денови се празник на уметноста, рече Поповиќ.

Секоја година од 12 јули до 20 август бројни љубители на уметноста од целиот свет доаѓаат да уживаат на врвните концерти и прекрасните театарски креации, што е показател дека манифестацијата нуди квалитет во градењето успешни фестивалски изданија.

 

„Охридско лето“ повеќе од шест децении е празник на уметноста благодарение токму на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, чија благородна мисија носи аманет да се негува и одржува блесокот на фестивалската сцена. На денешен ден пред точно 61 година таа одржа концерт во „Света Софија“ што денеска се прославува како роденден на Фестивалот „Охридско лето“.

Во чест на примадоната, Македонскиот народен театар на „Охридско лето“ му ја предаде бистата на големата Ана Липша Тофовиж, излеана во бронза, дело на академик Димо Тодоровски од 1970 година, со наслов „Орфеј на Ана“, како вреден спомен што ќе потсетува на нејзиното дело и зборовите: „Да ни е вечно Охридско лето“.

Роденденот на Фестивалот оваа година ќе биде прославен со голем концерт на македонската музичка етно-група „Синтезис“ на сцената на Античкиот театар.

Селекторката на музичката програма на „Охридско лето“, Даница Стојанова, најавувајќи го вечерашниот концерт истакна дека вљубениците на традиционалните звуци ќе можат да уживаат во современите аранжмани што „Синтезис“ ги креира црпејќи материјал од неповторливото и богато македонското народно музичко наследство.

Најпозната македонска етно-група со одржани повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во најпознатите светски сали и фестивали се меѓу најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и низ светот. Нивните настапи се постојано следени со одушевување од  публиката и критиката насекаде во светот.

Почетокот на концертот на „Синтезис“ е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Next Post

Истражување на Кралскиот колеџ од Лондон: Заразувањето со коронавирус е три пати помало меѓу вакцинираните

Shortcut

Најново

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk