ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Не е разговарано за разрешување од функција на првите луѓе на ЦУК, од утре драстична, но добредојдена промена на временската прогноза, само Џамбаски и Мицкоски на Илинден честитаат Велигден

August 4, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска истакна дека не е разговарано за разрешување на првите луѓе на ЦУК, затоа што сметаат дека со сите околности околу пожарите се соочиле одговорно. Сепак, како што рече, Владата ќе одржи седница, на која ќе се дебатира и за ова прашање.

По 14 часот попладнево повторно се разви пожарот во маалото Пајсак во делчевското село Нов Истевник. Иако утрово гасеа хеликоптери на Армијата, поради ветрот пожарот веќе зафати куќи од горниот дел на селото. На терен се прави обиколка со трактор каде што е најизразен пожарот, а во меѓувреме населението е евакуирано во пониските делови на почетокот на селото.

На 92-рата седница на Владата, донесовме одлука за основање на Јавна установа за управување и заштита на Националниот парк Шар Планина. Со донесувањето на оваа одлука ќе се воспостави начин на заштита на новиот НП Шар Планина и ќе се преземат мерки за заштита на утврдените зони во националниот парк, наведе на неговиот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев.

Вложивме многу време и напори да воспоставиме прагматичен дијалог на сите нивоа меѓу Бугарија и Северна Македонија и да постигнеме договори што ќе бидат прифатени во иднина од следната политичка Влада во Софија и ќе послужат како основа за продолжување на преговарачкиот процес со Скопје и кон остварување на заедничката цел – Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија, вели бугарскиот технички министер за надворешни работи Светлан Стоев.

Од утре попладне се очекува промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е појава на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења, град и силен ветер со над 80 километри на час.

Еден од најнегативните политички ликови кога е во прашање евроинтеграцијата на Северна Македонија, бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, за 2-ри Август, со статус во кој е поместена фотомонтажа на која пишува: „Илинден, майко, Илинден – за българите Великден!” („Илинден, мајко, Илинден – за Бугарите Велигден!). Да се потсетиме на честитката од претседеателот на ВМРЦО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој од струшкото село Ташмаруништа, наместо Илинден, честиташе Велигден.

M. Миткоска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Мицкоски ФБ

Мицкоски: Ќе ги поддржуваме кандидатите за градоначалници од ЗНАМ и ВРЕДИ

July 22, 2025

СДСМ бара повлекување на предлог законот за полиција

July 22, 2025

Левица бара разрешување на претседателката на ДКСK и предлага законско право за вработување за прворангирани здравствени работници

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk