ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Нема опасност од линданот, пожарот во „ОХИС“ локализиран

August 5, 2021 20:26
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не постои опасност за жителите на општината Кисела Вода, ниту за Градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран. Најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката, изјави попладнево градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски.


Според Темелковски кој беше на опожарената локација, линданот е на безбедно место.

-Среќна околност е и што навреме реагираа противпожарните единици на Градот Скопје. Од информациите што ги имаме од луѓето кои ги контактиравме во меѓувреме, линданот е на длабочина до која не може да допре огнот, така што нема во моментов опасност и од пожар таму, истакна Темелковски.

Ѕвонко Томевски, заменик-командир на Противпожарната бригада која со четири возила се вклучи во гасењето на пожарот во „ОХИС“, изјави дека сега се работи на догасување. Тој не можеше да прецизира од што избувнал пожарот. Во кругот на фабриката виделе само дека гори на три независни места.

-Испратени беа првично две возила кои почнаа со гасење, додека стигна останатата помош ни требаше малку време за да го сузбиеме целиот тој пожар. За жал, имаме колега кој вдишал малку повеќе чад, се надевам дека ќе биде добро, немаме информација. Пожарот мора да се догаси, да се расчисти теренот, па потоа да се види какво оштетување има на лице место, рече Томевски.

Противпожарната бригада за само 2,5 часа денеска во Скопје имала 24 – 25 интервенции.

-Имавме тежок, исклучително тежок ден. Веќе престанавме да ги броиме интервенциите. Беа околу 24-25 во период од два до два и пол часа, по засилувањето на ветерот. Сите ресурси ни беа активни на терен во градот Скопје. Имаме голем активен пожар во Горно Блаце, имавме пожар во Општина Нагоричане таму имавме три пожари на три локалитети, Раовиќ, Копаница, имавме пожар во Парк шума Водно над Етно Село, имавме пожар во Добри Дол,… не можам веќе да се сетам. Сите беа критични, за наша среќа успеваме некако да се носиме и со овој предизвик иако сме веќе исцрпени, на крај на сили, напомена Томевски.

Пожарот во „ОХИС“ избувна попладнево поради што беше затворен и патот кон Драчево. Еден од пожарникарите заврши во болница зашто вдишал чад.

извор: МИА

Next Post

Вечерен преглед: Секој час се отвораат нови жаришта низ земјава, ќе бидат ли повлечени од македонскиот пазар сладоледите „сникерс“ и „твикс“, минатиот месец најтопол досега

Shortcut

Најново

Руска пропагандна мрежа под удар на АНБ: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен, 16 септември 2026 (фото: ec.europa.eu)

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје, Мицкоски нуди дијалог: Уставните измени остануваат клучниот чекор кон ЕУ

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

September 30, 2026

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градот останува, животот исчезнува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk