ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

На сметките на овчарите и градинарите префрлени над 866 милиони денари субвенции

August 6, 2021 14:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира производителите на градинарски култури и овчарите дека на нивните сметки се префрлени субвенциите.

Според Агенцијата, на сметките на вкупно 3.124 сточари кои имаат поднесено барање за директни плаќања за обележани и одгледани овци се исплатени над 633,4 милиони денари, додека на 10.547 градинари над 233,4 милиони денари.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека станува збор за исплата на средствата за оние апликанти кои имаат поднесено барања за директни плаќања за обележани и одгледани овци и за градинсрски култури. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството и оваа поддршка ги следува сите кои правно – законски се стекнале со право на користење на истата.

-По исплатата на градинарите и овчарите, ќе се исплатат и тутунарите кои беа должници за вода или пашарина. Исто така во текот на наредната недела се очекува да се процесираат и исплатите за субвенциите за обележани грла говеда. Вработените веќе работат и на процедурата за дополнување на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација или попознато како картички за „зелена нафта, вели Бачовски.

Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи со обработка на пристигнатите барања за останатите мерки и по нивната обработка ќе се врши исплата. Политиката за неселектива исплата на субвенции продолжува токму во период кога средствата им се најпотребни. Грижата за земјоделците беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, нивно е да продолжат да произведуваат земјоделски култури а Платежната Агенција како и досега ќе биде партнер кој преку мерките ќе ги стимулира да го зголемуваат производството и да го подобруваат квалитетот на домашно произведени култури. /МИА/.

Next Post

Вулин: Ќе останеме колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните на Северна Македонија 

Shortcut

Најново

Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk