ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пожарот во Сарај ставен под контрола, гори во Делчево и Пехчево

August 6, 2021 15:26
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Уште се активни пожарите во Делчево, Пехчево, Свети Николе, Штип, Прилеп, Куманово, Валандово и Радовиш. Повторно гори и во Гостивар, а под контрола е ставен пожарот во Сарај, во атарот над селата Раовиќ и Буковиќ, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во Делчево, согласно состојбата до 14 часот, уште е активен пожарот во атарот на селото Нов Истевник, и е во дијаметар од 15 километри, а опожарени се околу 1.000 ха.

Во овој момент, најкритично е кај Света вода, меѓу селата Тработивиште и Разловци.

На терен интервенираат 60 припадници на Армијата, 22 припадници на МВР ЕБР, МВР Тигри со 24 припадници, ШС Голак Делчево со 25 вработени и четири теренски возила, ТППЕ Делчево со 12 пожарникари, две ПП возила и едно теренско возило, гранична полиција со четири теренски возила, МВР ПС Делчево со две припадници и едно теренско возило, ЈПКД Брегалница со пет вработени, 2 ровокопачи, теренско возило и едно возило со цистерна од еден тон, РЦУК Делчево со две вработени, ТППЕ Македонска Каменица со четири пожарникари со теренско возило, Црвен Крст Делчево со волонтери, ТППЕ од Р.Бугарија со шест пожарникари и едно ПП возило.

Во Пехчево, пожарот на м.в.Бајаз Тепе уште е активен кај селата Робово, Умлена и Чифлик.

Опожарена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта.

Поради силината на ветерот пожарот го префрли регионалниот пат Берово-Делчево и се движи накај селото Црник. Патниот правец е забранет за движење. ПП екипата од Словенија се распоредени во атарот на селата Црник и Негрево. Интернивенираа и хеликоптери. Пожарот околу с.Црник е ставен под контрола, а на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над селото Мачево, каде има распоредено екипи.

Интервенираат вкупно сто припадници на Армијата, 20 Ренџери; – ШС Равна Река Пехчево со 30 вработени, со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз, ШС Малешево Берово со 15 вработени со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз, ТППЕ Берово со седум пожарникари и три ПП возила; – БППЗ Скопје и ТППЕ Штип и Струмица со по едно ПП возило; – ПО ДЗС со четири вработени и едно теренско возило со цистерна, РЦУК Берово со две вработени, екипите од Р.Бугарија со 20 пожарникари и три ПП возила,  ПП екипа од Словенија и 60 луѓе од месното население.

Пожарот кај селото Богословец во Свети Николе се уште е активен и со истиот опожарени се бор, нискостеблеста дабова шума и смрека на површина поголема од 200 ха.

Интервенираат ТППЕ Свети Николе со 11 пожарникари и три ПП возила, ДППД со шест пожарникари и две ПП возила.

Активен е и пожарот кој од селото Богословец се префрли кон селата Криви Дол и Добришани во Штип.

Кракот кон селото Добришани под дејство на ветрот го има сменето правецот и се движи кон река Брегалница. Кракот кој гори во близина на магацините на АРСМ во селото Криви Дол е под контрола на 30 војници и се работи на негово локализирање.

Интервенираат ТППЕ Штип со 10 пожарникари со теренско возило; РЦУК Штип со еден вработен со теренско возило, ЈП Стипион Штип со вработен со теренско возило; АРСМ со 30 војници и со една цистерна.

Пожарот во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп е активен и е на непристапен терен.

Пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане е активен со јак интензитет. Постои опасност да биде зафатена и борова шума.

На двата пожари вкупно интервенираат ТППЕ Прилеп со 10 пожарникари со две теренски возила, АРСМ со 32 војници – ШС Црн Бор Прилеп со седум вработени и едно возило – Водовод и Канализција со 10 вработени – ЈКП Комуналец со осум лица. Од страна на ЕЛС Прилеп побарана е и воздушна подршка.

Пожарот кај селото Бељаковце во Куманово е активен и се движи кон селото Довезенце. Известени се и ШС Куманово и ДЗС Куманово.

Интервенираат ТППЕ Куманово со 12 пожарникари и две ПП возила, АРСМ со 80 припадници и ШС Куманово.

Пожарот кај м.в.Погана во Валандово е активен, особено во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. Досега опожарена е површина од околу 1.350 ха.

Интервенират ТППЕ Валандово со две ПП возила и седум пожарникари, ШС Саланџак Валандово со 14 вработени; АРСМ со 30 припадници; ДЗС Валандово со седум лица; ЕВН Битола со седум вработени една цистерна за вода и едно теренско возило; ШС Кожуф Гевгелија со 33 вработени со три возила; ЈПКД Комунална чистота Богданци; 10 жители со еден трактор и два мотора од н.м.Казандол.

Во Радовиш во селото Погулево од 10:00 часот е активен пожарот, каде гори сува трева и нискостеблеста шума, а во близина има и фарми. Истиот брзо се шири поради ветер.

ИнтервенираатТППЕ Радовиш со 10 пожарникари и две ПП возила; ШС Плачковица Радовиш со две екипи.

Пожарот во атарот на селата Раовиќ и Буковиќ во Сарај во Скопје делумно е под контрола и на терен има екипи од БППЗ и НП Јасен, додека од ШС Караџица известуваат дека во 14:30 часот се испратат екипа од четири лица со цистерна. Екипите на НП Јасен се на терен и контролираат истиот да не се префрли во Националниот Парк.

Интервенираат БППЗ со екипа; НП Јасен со вработени.

Инаку, повторно е активен и пожарот во Гостивар, во селото Пожаране. Таму интервенираат од ШС Шар Гостивар./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

July 22, 2025

Собранието го донесе Ребалансот на буџетот: Според опозицијата е скроен како предизборен поткуп, власта вели ќе обезбеди економски раст

July 22, 2025

Министерката Кочоска вели со ребалансот немало да се финансираат кампањи, туку проекти

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Театарот на Мицкоски за „внатрешни непријатели“ е обид да се сокрие вистината за бугарските пасоши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Ози Озборн, фронтменот на Black Sabbath

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk