Намален е интензитетот на пожарот меѓу Берово и Пехчево. Таму се интервенира со авионот Ц-27 Спартан на романското воено воздухопловство. Авионот е специјализиран за гаснење пожари и има капацитет од дејствување со шест тони вода врз пожарите, а пристигна денеска во земјава.
Покрај авионот, интервенираат и од шумските стопанства од Пехчево и Берово, војници на Армијата и противпожарни служби од Берово, Скопје и Струмица.
На терен има помош и од екипи на Бугарија, Словенија и Австрија, како и од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и екипи на ЕВН.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека до сега не сме имале искуство да гасиме пожар со авион каков што е романскиот, па рече дека рано е да се кажат импресиите од ефикасноста на овој авион кој собира 6 тони вода.
– Авионот направи два лета, а потоа ќе продолжи гасењето на пожарите со армиските хелокоптери. Неколку километри одалечено од пожарот обезбедивме цистерна со керозин за да не мора да се лета до Скопје, исто така за да намалиме на времето во блзиина до цистерната има базен каде се полнат хеликоптерите со вода за да не се оди до вештачките акумулации кои се подалеку. Немаме искуство со гасење на пожар со ваков авион, па се уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц27Ј Спартал кој носи 6 тони на вода, изјави директорот на ЦУК, рече Ангелов.