Романскиот Спартан гаси во Беровско, на терен се и пожарникарите, екипи од Австрија, Бугарија, Словенија, тимови на ЦУК и ЕВН. Авионот направи два лета, а потоа ќе продолжи гасењето на пожарите со армиските хелокоптери. Неколку километри одалечено од пожарот обезбедивме цистерна со керозин за да не мора да се лета до Скопје, исто така за да намалиме на времето во блзиина до цистерната има базен каде се полнат хеликоптерите со вода за да не се оди до вештачките акумулации кои се подалеку. Немаме искуство со гасење на пожар со ваков авион, па се уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц27Ј Спартал кој носи 6 тони на вода, изјави директорот на ЦУК, рече Ангелов.
Груби: Охридскиот договор, изворот на конфликт го трансформираше во извор на социјална кохезија, преку обезбедување еднаквост за сите. Сега, кога пристапуваме до сите архиви, гледаме дека евроатлантската перспектива на земјата е загарантирана токму со спроведувањето на Охридскиот договор и добивањето статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на нашата земја е директен резултат на спроведувањето на Охридскиот договор, во декември 2005 година, истакнал Груби.
МОН: Повик за распределба на 17,3 милиони денари за развој и опремување на лабораториите на факултетите и научните установи. Јавниот повик преку кој ќе се распределат предвидените средства, овозможува аплицирање за три типа на поддршка и тоа: за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето, понатаму поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи во рамки на лабораториите и поддршка за набавка на опрема што подразбира модернизација на лабораториските ресурси.
Во Косово, од 20 август само вакцинирани ќе можат во трговски центри, ноќни клубови и на забави. Во соопштението се наведува дека на состанокот со министерот за здравство Арбен Витиа била донесена и одлука за задолжителна вакцинација на вработените во овој сектор, кои мора да ја исполнат до 12 август.