ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Од утре споредливи и детални информации за кредитите и депозитите за граѓаните, на веб-страницата на Народната банка

August 8, 2021 11:16
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првата национална Стратегија за финансиска писменост и инклузија, којашто беше донесена неодамна, се предвидени повеќе активности за олеснување на пристапот на граѓаните до финансиите, но и за нивна поголема заштита, коишто ќе се преземаат од страна Народната банка и другите финансиски регулатори, во соработка со финансиските институции и граѓанскиот сектор, информира гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

-Овие активности и мерки се насочени кон: носење сеопфатна регулатива за заштита на потрошувачите во областа на финансиите, согласно со добрите практики на ЕУ; зајакнување на комуникацијата со потрошувачите заради подобро согледување на нивните потреби и реакција на нивните поплаки; финансиска едукација на потрошувачите за подобро разбирање на нивните права; разгледување на правните можности за разрешување на споровите, како и анализа на можностите за воведување финансиски правобранител, посочи Ангеловска-Бежоска, во интервју за веб-порталот „Пари“.

Една од активностите за подобра комуникација и поголема транспарентност, нагласи, е воведувањето на новиот дел на веб-страницата на Народната банка, каде што граѓаните ќе можат да најдат подетални информации за банкарските производи, но и за заштитата на потрошувачите. Во иднина, овој дел на веб-страницата ќе се надградува, паралелно со активностите коишто ќе се спроведуваат.

На веб-страницата, како што кажа, меѓу другото, ќе се објавуваат најрепрезентативните банкарски производи на банките и штедилниците, согласно со Насоките коишто кон крајот на минатиот месец ги донесоа Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА). Ова е прв и многу важен чекор од остварувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија, документ изработен од Координациското тело на финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, а под водство на Народната банка.

-Од понеделник, сите граѓани ќе имаат унифициран пристап, на едно место, до најважните информации за потрошувачките и станбените кредити на целиот банкарски систем. Најголемиот број банки и штедилници го објавуваа најголемиот дел од информациите и до сега, но не унифицирано, не на ист начин, не во иста табела. Од понеделник, за секој граѓанин, овие информации ќе бидат достапни на ист начин, кај секоја банка и секоја штедилница. Значајно е да се истакне дека МБА и банките покажаа големо разбирање и целосно ја поддржаа оваа активност, со која настојуваме секоја банка и секоја штедилница да објавува избрана група информации што се од значење за формирање целосна слика за производот што се нуди, што понатаму треба да овозможи носење издржана одлука за производот од страна на клиентот. Со ова всушност ги насочуваме клиентите кон најзначајните аспекти коишто треба да ги имаат предвид при разгледувањето одделни кредити и депозити, заради избор на соодветен производ, истовремено водејќи сметка и за можните ризици, прецизира Ангеловска-Бежоска.

Стандардизираните податоци, нагласи, севкупно ќе бидат достапни на веб-страницата на Народната банка, како и одделно, на јасно назначено место на веб-страниците на сите банки и штедилници. Објавата ќе ги опфати најрепрезентативните видови потрошувачки и станбени кредити за населението, како и најрепрезентативните видови депозити за населението кај банките и штедилниците. Покрај основните информации за банкарските производи, како рочноста, валутата и каматната стапка, предвидено е објавите да вклучуваат и дополнителни подетални информации, како што се висината на стапката на вкупните трошоци кај потрошувачките кредити и трошоците коишто не влегуваат во оваа стапка, видот на обезбедувањето и минималниот сооднос обезбедување / кредит кај станбените кредити, можноста за предвремено разрочување кај депозитите и други./МИА/.

Next Post

Активни пожарите кај Делчево и кај Пехчево, гори и во скопско, велешко, прилепско

Shortcut

Најново

Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk