ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Куманово почна со проценка на штети од пожарите

August 9, 2021 15:53
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Куманово ќе определи локации за нови бушотини за вода кои ќе им користат на пожарникарите, најави денеска градоначалникот Максим Димитриевски по завршување на 88-та седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Штабот предложил да се формира тричлена комисија од претставници од ТППЕ Куманово, ЈП „Водовод“ и „Чистота и зеленило“, да извршат увид и да одредат потенцијални локации на територија на општина Куманово за изведба на бушотини за снабдување со вода, кои би се користеле за полнење на возила на ТППЕ за гасење на пожари и изградба на хидранти.

Штабот му препорачал и на градоначалникот да спроведе итна постапка за изведба и опремување на бушотините. Димитриевски информираше дека минатата недела во Куманово се регистрирани 60 пожари, во четвртокот имало 15 интервенции во еден ден, помош била побарана од централниот штаб, при што помош пристигнала и од Кавадарци и Велес.

 

Тој се заблагодари на овие општини на пожарникарите, припадниците на армијата, на доброволците, вработените од претпријатијата кои помагаа за спарување со пожарите. Сега, нагласи, во кумановско нема ниту еден пожар и општината може да им помогне на соседните, но и на другите општини во државата. Во моментов и општинска комисија за проценска на штети е на терен каде ја дефинира состојбата.

Проценката на штетите од пожарите, појасни кумановскиот градоначалник, се спроведува со поддршка на ТППЕ Куманово, кои даваат информации за пожарите, се оди на лице место, се фотодокументира.

– Откако ќе ги направиме тие проценки ќе ги упатиме сите записници до Владата каде што треба да се донесе одлука за обесштетување на граѓаните, бидејќи факт е дека имаме веќе дефинирана кризна состојба. Согласно законот Владата тоа може да го стори, а во другиот случај сите оние лица коишто се опожарени имаат можност да поднесат барање до Советот на Општина Куманово за добивање на финансиска помош при опожарување, потребно е да обезбедат потврда од територијална противпожарна единица за опожарување на нивниот дом и дополнително уредба потврда од МВР и истата да ја комплетираат документација и ја достават до Советот на општината, информира Димитриевски.

На совет на седницата ќе се донесе одлука за обесштетување на жителите кои имаат штети од пожарите. Димитриевски укажа дека имаат проблем со лица кои бараат помош, иако нивните објекти веќе со децении се напуштени, немаат статус на семејни домови.

– Имаме реален проблем и тоа при опожарување на оние напуштени куќи, каде не живеел никој, немаат статус на домови, кои не ги посетувале со години и се создава проблем при самата проценка на имотот, бидејќи најголем дел од граѓаните кога се случи пожарот, додека траеше, ниту сакаа ниту пак дојдоа и сега се појавуваат како баратели за помош. Да апелираме дека комисијата ќе се држи согласно нејзините законски овластувања, нема да прави пропусти и да обештетуваме лица кои не сакале да се грижат за нивниот дом во најкритичните моменти. Во село Мургаш имавме голем број на жители кои учествуваа во гасење на пожарот ама имавме и лица кои таму имаат напуштени објекти, поранешни домаќинства кои не се отповикаа на никаков апел ниту од сограѓаните, ниту од ТППЕ и мислам дека е некоректно сега тие лица бараат помош, изјави Димитриевски.

Од штабот апелираа до граѓаните да се воздржат од палење на стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор, со цел да се спречи настанување на пожари, а повикаа и да пријават на надлежни институции, сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

Ал Шара: Нема да дозволам Сирија да биде театар на надворешни конфликти

May 15, 2025

Кои земји во Европа плаќаат најмногу за лекови и зошто Европа троши помалку од САД?

May 15, 2025

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk