ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени со сите методи кои ги користи било која противпожарна служба во светот

August 9, 2021 13:23
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите села во чија близина беснеат пожари се обезбедени со сите оние методи кои ги користи било која противпожарна служба во светот, информира на денешната прес-конференција в.д. директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека се изорани местата и направена е тампон зона преку која пожарот не може да премине. На линијата се поставени цистерни доколку пожарот премине од другата страна на тампон зоната да можат да дејствуваат и да не биде загрозено селото.

– Опасноста енамалена и сега сме концентрирани кон шумите. Предмалку пожарот над селото Будинари повторно се разгоре од нигде никаде. Вчера бев очевидец, на едно место само малку чадеше, за неколку минути имавме пламен до небото. Огнени јазици високи по десетина метри. Борот е лесно запаллива материја, на него има смола. Оганот не ги гори целите дрвја, но ја гори смолата и лисјата. Затоа и тешко се справуваме со него. Додека пожарите кои се во шума со бука и друго листопадно дрво се релативно поедноставни за справување, вели Ангелов.

Според него, не се точни тврдењата дека било каде локалното население го изгаснало кој било пожар. Не се точни ниту информациите кои синоќа се појавија на социјалните мрежи дека пожарот над Будинарци е веднаш до селото. Пожарот над Будинарци има променливо темпо. На терен имаме сили кои постојано се подготвени да реагираат доколку пожарот тргне кон селото, рече Ангелов.

Помошник раководителката на секторот за операции и координација Марија Милкова на прес-конференцијата информираше за состојбата со пожарите во моментов.

Денеска, информира таа, си замина Територијалната противпожарна единица и другата противпожарна опрема која беше дадена на помош од Република Бугарија.

-Денеска во утринските часови претставниците заминаа, голема благодарност за нивната укажана помош тие дојдоа во првите денови. Голема благодарност до Бугарија која во првите моменти ги даде на располагање нивните ресурси, кога беше најкритично, другата странска помош од Словенија, Австрија, авионот на Романското воено воздухопловство останува, посочи Милкова.

Во моментот, информира, се јавил пожар во Росоман, кавадаречко, во близина на мотелот Дреново. На терен, како што посочи, се екипи од ТППЕ од Кавадарци, полициски службеници. Сообраќајот на овој патен правец се одвива тековно, не е во прекин. Состојбата се следи.

Пожарот во делчевскиот регион село Разловци- Нов истевник, како што претходно соопшти ЦУК, е ставен во контрола, но тоа, како што посочи Милкова, не значи дека е целоно изгаснат, се уште на одредени места има чурење. Екипите на Територијалната противпожарна единица се таму, претставници на Армијата, локално население и одредени субјекти го следат пожарот за да не дојде до негово повторно разгорување.

Пожарот во Пехчевскиот регион, во село Будинарци е се уште активен. Таму гори висококвалитетна борова шума и таму на непристапен терен ангажирани се повеќе вработени од шумските стопанства, ЕВН, месно население, како и меѓународните тимови од Словенија, Австрија, трговски друштва. Армијата дејствува со 40 војници, во моментов таму дејствува и хеликоптерот на Армијата.

Друг пожар активен во моментов е во скопски Сарај, на потегот село Раовиќ – село Буковиќ – село Ласкарци. Таму гори нискостеблеста, мешана шума и висока трева на доста непристапен терен. Карактеристично, според Милкова, е тоа што оди горе кон сртот. На местото на пожарот има лица од Националниот парк Јасен, претставници од ТППЕ, се следи пожарот, таму ќе летаат и дронови за да го видат теренот и со време да биде локализиран овој пожар.

Пожарот во Петровец село Дивље, место викано Крушје е стигнат до селото, некаде позади црквата гори мешана шуима, пожарот се следи на лице место има претставници од ШС Караџица, 30 војници и единици на Теритоијалната притивпожарна бригада.

Активен пожар има и во Старо Нагоричане, село Дренак кој избувна синоќа во 20 часот, на потегот на село Дренак – село Жељубино – село Аљинце. На терен се претставници од Територијалната противпожарна бригада од Старо Нагоричане и претставници од месното население, но пожарот не е опасен.

-Пожарот во Прилеп, село Топлица, неколку дена таму гори, на три локации, во текот на денешниот ден таму околу 10 и 30 часот веќе дејствува авионот на Романското воено воздухопловство СПАРТА, очекуваме да се вратат и да ги дадат резултатите што ќе ги постигнат со гаснењето на овој пожар, информира таа.

Додаде дека пожарот кој синоќа избувна во Штип, село Драгоево – село Селце е изгаснат. Пожарот во битолско село Велушина кој избувна синоќа во 19:30 часот едно време беше ставен под контрола , но во утринските часови повторно е активиран и делумно е локализиран./МИА/.

Next Post

Бектеши: Сите да се вакцинираат за да не воведеме порестриктивни мерки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk