Наместо да повика на доследно почитување на постоечките мерки за заштита и масовна вакцинација на граѓаните медицинскиот пироман Христијан Мицкоски повторно е на страната на корона вирусот. Од самиот почеток на ковид кризата Мицкоски прави се да го поткопа системот, да поттикне непочитување на мерките и да ги одврати луѓето од масовната имунизација, велат од СДСМ.
„Чисто илустративно. Ако едно противпожарно возило чини околу 200.000 евра, денес Скопје наместо 3 врби на реката Вардар ќе имаше едно противпожарно возило плус, или поточно наместо 2 лава на мостот Гоце Делчев, денес Скопје ќе имаше 6 противпожарни возила плус. До приоритетите е!“, објави на Фејсбук портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.
Утре наутро во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412, напиша министерката за одбрана Радмила Шекеринска на социјалните мрежи и и се заблагодари на црногорската министерка за одбрана.
Утре се отвораат четири нови пункта за ковид вакцинација во Скопје. Пунктовите во Скопје кои ќе започнат со работа утре се Поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров. Во две смени ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.
Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е незаменливо.
Вакцинацијата се одвива непречено во сите градови низ државата. Се вакцинира населението над 16 годишна возраст и без закажан термин. 32% од полнолетното население на територијата на целата држава е веќе имунизирано со барем една доза на вакцина.
М. Миткоска