Mладата грчка новинарка, Евлампија Реви, која работи за „Open TV“ и известува за пожарите во погодените области, доживеала емотивен слом додека разговарала со локален жител во програма во живо.
Евлампија при посетата на местото Галатосон на грчкиот остров Евиа, додека се приближувала до една од куќите, еден постар жител на ова мало место и пришол и почнал да разговара со неа.
Со напор, тој објаснува дека не спие со денови, бидејќи се обидува да ја заштити својата куќа од пожар.
Новинарката бара од човекот да си замине, бидејќи тука не може да се дише од чадот.
Тој и рекол дека не се плаши од огнот и објаснил дека повеќе се плаши за својата куќа поради што останал да ја брани доколку стигне пожарот.
Новинарката инсистира човекот да ја напушти куќата од безбедносни причини и да замине на сигурно. Евлампија дури му предлага тие да го превезат доколку не постои можност тој да замине сам.
Во еден момент, таа го соблече ранецот и се обиде да побара маска за да му ја даде на човекот, но немаше. Тогаш старецот почна да плаче, и заедно со него и новинарката почна да плаче, во живо за време на програмата.
Грчката полиција, како што пренесува новинарката утрово, го евакуирала постариот човек и тој е безбеден и згрижен.
Извор: Kurir.rs





