ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни три големи пожари близу „Јасен“

August 11, 2021 17:48
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.

Како што информира ЦУК, пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот парк „Јасен“ нема интервенција од хеликоптери и може да навлезе во паркот. Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 припадници на Армијата, вработени во ШС „Јасен“ и НП Јасен, тројца поќчарникари со едно противпоѓарно возило и армиски хеликоптер. Според информациите на ЦУК од теренот, доцна попладнево на ова подрачје почнало д аврне дожд.

Активен е пожарот кај селата Дивље и Крушје во општина Петровец и се шири кон ливади со сува трева. Во гаснењето учествуваат 12 вработени од ШС „Караџица“ и 5 пожарникари со 2 противпожарни возила.

Во Прилепско активен е пожарот кај село Топлица од село Ракле кон село Крстец, но е е со слаб интензитет. Екипите се справуваат со гасење во нискиот дел од село Ракле. Според ЦУК, се работи за приземјен пожар   каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, без пламени јазици, но поради ветерот можно е да префрли на Козјак, каде има само трева и камења. Опасност проширување на голем пожар до овој момент, не постои, посочуваат од Центарот. Во гаснењето учествуваат шест вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.

Активни се два пожари во Велешко и тоа кај Старо Градско и кај мотелот „Македонија“. И во двата пожари гори сува трева и во нивно гаснење интервенираат по тројца пожарникари со по едно противпожарно возило.

Пожар избувнал и на градската депонија во Виница, но опожареното место е под контрола. Интервенираат шест пожарникари со цистерни и двајца вработени од ЈП „Солидарност“ од Виница.

Два пожари има и на теритроијата на Општина Македонски Брод. Едниот е во атарот на селото Слатина, кој е локализиран, но има чадење во внатрешноста, каде интервенира екипа од ШС „Македноски Брод“. Вториот пожар кај село Девич, исто така, е локализиран, но и овде на терен е екипа од ШС „Македонски Брод“ со петмина вработени, како и тројца поѓарникари.

Пожарот кој започна кај местото викано Бeјаз Тепе во Општина Пехчево и потоа се префрли во реонот на село Будинарци во Општина Берово е локализиран. На теренот се присутни 49 припадници на МВР, осум вработени на ШС „Равна Река“со две теренски возила со цистерни, осум вработени на ШС „Малешево“ со две теренски возила со цистерни, 3 пожарникари од Берово со едно противпожарно возило, екипа на ДЗС со 7 вработени и едно теренско возило, како и противпожарни тимови од Австрија и од Бугарија.

Во 14:50 часот избувнал пожар на место викано Ладно Долче на еден километар  на патот за село Страгово на висромнината Витачево во Општина Кавадарци, каде горела сува трева, во близина на дабова шума. До 16:00 часот пожарот е ставен под контрола, огнот е заобиколен и чади само во внатрешноста. Во гаснењето интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени на ЈП „Национални шуми“ – ПО БОР – Кавадарци со едно противпожарно возило.

извор: МИА

Next Post

Попладневен преглед: Шилегов инвестирал 50% повеќе во противпожарната бригада отколку Трајановски за осум години, нови избори во Бугарија, демантирани лажните вести за кражбата на пилата

НАЈНОВО

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

ЕУ издвои 31,7 милијарди евра јавни средства за климатски активности во земјите во развој во 2024 година

October 28, 2025

Обвинителство бара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми и управителот за отпад за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk