Лага е информацијата дека ќе се руши СЦ „Борис Трајковски“. Предизборниот период не смее да биде причина за експанзија на лажните вести, напиша градоначалникот Стефан Богоев на социјалните мрежи, откако беше објавена информација дека истиот ќе биде срушен.
Новите рестриктивни мерки, кои почнуваат од 16 август, а кои предвидуваат во угостителски објекти да влегуваат само лица со примена барем една доза вакцина, ја забрзаа вакцинацијата.
Критично е во кумановскиот и прилепскиот регион, но и во селото Побожје, каде вчера беа запалени три куќи. На терен заедно со нашите, интервенираат и екипите од Австрија, Словенија, Бугарија и Романија, а за денеска најавена е и помошта од Црна Гора и Франција.
Активен е пожарот во делот од Топлица кон селото Крстец, и тоа во тешко пристапен терен. Намален е интензитетот на горење кај пожарот во Катланово, а целосно е локализиран оној кај м.в. Бејаз Тепе.
Течат градежните активности за енергетска обнова на градинката „Весели Цветови”, објект „Сончоглед” во општина Кисела Вода.
Во текот на изминатото деноноќие, во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР се ангажирани околу 650 полициски службеници.
РЕНДГЕН: Економија.
Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од 2400 денари за 9 месеци во годината.
Амнести интернешнл во својот последен извештај, објавен денеска, наведува дека за време на конфликтот во етиопската област Тиграј систематското насилство врз жените и децата било екстремно распространето, при што стотици жени и девојки биле изложени на силување и осакатување.
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е задоволен од неговиот премин во ПСЖ, клуб за којшто смета дека може да ги исполни неговите цели.
Ј. Ѓ.