Во амбулантата на ЈЗУ Здравствен дом во изминатите два дена со прва и втора доза од „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синовак“ биле вакцинирани 1240 лица од кои во понеделникот 660, а вчера 580 лица од сите возрасти. Меѓу вакцинираните се поголем е бројот на млади, информира за МИА, д-р Марина Тодоровска координатор на вакцинацијата во Велес и Велешко.
Со прва доза до 14 часот, денеска се вакцинирани 480 лица од сите возрасти, вели Тодоровска.
Воедно, денеска продолжува и теренската вакцинација со втора доза во селата во Општина Чашка, а се вакцинираше во населбата Чашка и Извор.
Во домашни услови денеска немаше вакцинација, а изминатите два дена се имунизирани вкупно 36 лица./МИА/..