ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МНР: Вратена во првобитна состојба спомен-плочата на бугарските туристи во Охрид

August 12, 2021 19:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерството за надворешни работи вечерва го осуди сквернавењето на спомен-плочата во Охрид на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа во Охрид. Информира дека споменикот е вратен во првобитната состојба и оти станува збор за изолиран случај, што не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните.


-Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува последното сквернавење на спомен-плочата „Солзата на Роза“ во Охрид, поставена во сеќавање на жртвите од бродската несреќа во 2009 година, кога 15 бугарски туристи загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро. Веднаш штом добивме информација за овој чин, од страна на надлежните државни власти беа преземени соодветни мерки и споменикот за кратко е вратен во првобитната состојба. За оваа информација благовремено, со нота, е известена и Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, наведува МНР во соопштение.

Во оваа прилика, се дополнува во соопштението, сакаме да потенцираме дека се работи за изолиран случај, кој не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните.

-Република Северна Македонија продолжува со политики и активности во насока на унапредување на добрососедските односи со сите наши соседи, за што постои поддршка од огромно мнозинство граѓани на земјава, истакнува МНР.

Претходно, како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарското Министерството за надворешни работи објави дека длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи. – Очекуваме властите во Република Северна Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма, наведоа од бугарското МНР.

На спомен плочата поставена пред паметникот на бугарските туристи кои трагично настрадаа во бродската несреќа на Охридското Езеро од страна на непознати сторители беа испишани графити.Споменикот што се наоѓа во неспоредна близина на Студенчишкиот канал беше откриен минатата година, на 11-годишнината од бродската несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“. Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

извор: МИА

Next Post

Корзото во Ѓорче Петров во завршна фаза

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk