Општина Ѓорче Петров добива ново урбано јадро, нов јавен простор сместен во централниот дел од општината.
Во завршна фаза е корзото во Ѓорче Петров, капитален проект во дел финансиран и со средства од Светска Банка.
Станува збор за површина од 1.200 квадратни метри во кои се сместени пешачка зона, пристапна улица, изработени се два павилјони, изграден е амфитеатар, плочник облагороден со ниско зеленило, стилски клупи и корпи, а предвидено е отворање и на кафулиња.
Насадени се 77 нови садници, а подобрени се и условите за наводнување преку поставување на систем капка по капка.
Во период што доаѓа предвидено е и поставување канделабри, изработка на фасадата на павилјоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило, со што овој простор и официјално ќе биде пуштен во употреба.









