Канадскиот премиер Џастин Трудо предмалку соопшти дека во Канада ќе се воведе задолжителна вакцинација за сите вработени во државните органи, во администрацијата, во армијата, во полицијата, во сите јавни установи, банки итн.
Задолжителна вакцинација ќе се воведе и за патници во јавниот превоз (авионски, железнички, бродски сообраќај).
Најавени се исти мерки и за други категории граѓани, за коишто дополнително ќе се прават анализи.
Истовремено, лекарската комора и здружението на медицински сестри од Канада побараа од Владата на Трудо да наложат задолжително вакцинирање и за сите медицински лица во државата.
Последните податоци велат дека во Канада 82% од населението над 12 години имаат примено минимум една доза, а целосно вакцинирани (со минимум две дози) се нешто над 70% од населението.
Во поледниве две недели има тренд на зголемување на бројките на новозаболени лица во Канада, но истовемено се објавуваат информации и за структурата на новозаболени во однос на вакцинацијата. Анализите покажале дека над 80% од новозаболените се со нула или со само една примена вакцина, а од хоспитализираните пациенти над 90% се невакцинирани!
Ацо Лукароски
од Канада