ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Три активни пожари кај Сарај, Демир Капија и Дебар

August 14, 2021 12:19
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО

Три пожари се активни на територија на цела држава и тоа кај селото Раовиќ и село Буковиќ кај Сарај, потоа меѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија и во селото Горно Мелничани во Дебар.

Портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова на претпладневната прес-конференција нагласи дека засега нема информации дека некој од пожарите претставуваат опасност за селата и објектите.

Пожарот кај Сарај утрово има тенденција да се разгори и се простира од селото Буковиќ кон селото Чајлане и Матка. На терен се 50-тина припадници на Министерството за внатрешни работи и неколкумина француски експерти за гаснење на пожар.

Пожарот меѓу селата Барово и Вешје е проширен кон висорамнината Витачево, односно кон село Страгово во општина Кавадарци каде гори нискостеблеста шума на тешко пристапен терен.

– Пожарот се шири на повеќе краци, а во текот на ноќта интензитетот беше најјак во реонот на селото Барово, село Бесвица и во правец на село Вешје. Денеска од раните утрински часови, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, директно на терен координираше со активностите за гаснење на овој пожар на отворен пожар каде што огнен крак проширен и кон висорамнината Витачево. Директно од терен се одлучува и за методите и тактиките што  во моментов е можно да се применат до крајот на денот, а ако е потребно и ангажирање на хеликоптерскко противпожарно дејство. Денеска од утрово директорт на ЦУК Ангелов оствари куса координативна средба во Барово со градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров, а и локалните сили и дел од месните жители, рече Вчкова.

Интервенираат 60 припадници на МВР, 50 припадници на АРМ заедно со ангажираните сили од субјектите на системот за управување со кризи здружени од повеќе општини.

Припадниците на полицијата што ноќеска дежураа над Барово се веќе повлечени, а вчера францускиот експертски тим дејствувал со контра пожар за создавање на безбедносна одбранбена линија над селото.

Во пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа гори букова шума и од утринава испратени се на терен четири пожарникари од Дебар, 10 вработени од ШС „Стогово“ од Дебар, припадници на полиција од ПС-Дебар, градежна механизација и вработени од општина Центар Жупа.

Според информациите од ЦУК, пожарот кој вчера избувна меѓу селото Црвена Вода и планинарскиот дом „Китка“ е ставен под контрола, иако на опожарените места се уште чади поради догорувањето на корењата и гранките.

Локализиран е и пожарот на подрачјето на општина Кратово во местото викано Кормина близу селото Ерменица, а целосно изгаснати се пожарите во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, запалената депонија во Радовиш, како и пожарот кај селото Шипковица на планината Плачковица.

Next Post

Авганистанскиот претседател Гани: Водиме консултации за итно изнаоѓање политичко решение за запирање на војната

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk