Повеќе од еден час се чека на граничниот премин Табановце за излез од државата, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.
Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Не била вакцинирана.
Пожарот кај село Раовиќ во Општина Сарај е сè уште активен, соопштија на редовната попладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде посочија дека засега на неутврдена површина гори мешана шума.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „пукна“ по критиките упатени кон него на социјалните мрежи. Кон неистомислениците, на својот Фејсбук профил, тој се послужи со навреди, пцовки, недолични зборови, сè со цел да ги дискредитира политичките противници, но и сите оние кои размислуваат поинаку од него.
ESPRESSO од Џабир Дерала: Какво е тоа пцуење, господине Мицкоски? Кој ве научи така? На што се должи тоа пцуење по социјалните мрежи? Дали на повидок е нова партиска стратегија според која вокабуларот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се спушти уште едно скалило подолу, поблиску до оној на фејк-Левица? Како може партиски шефови и функционери да си дозволат јавно да се закануваат, да навредуваат и да пцујат?
РЕНДГЕН: Евакуација од Авганистан.
Лидерот на републиканците во Сенатот на САД, Мич МекКонел ја повика американската администрација да преземе итни мерки за да ја запре офанзивата на талибанците против авганистанскиот главен град Кабул, вклучително и со воздушни напади.
Премиерот Заев денеска го означи стартот на Европскиот куп во далечинско пливање – трка на десет километри што се плива во водите на Охридското Езеро во рамки на Европската пливачка федерација.
Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година, сега живееме на кредит од планетата Земја.
Словенечките пожарникари, утрово заминаа од Берово и ги поздравија со звучна сигнализација Беровчани. Во чест на нив кои неуморно се бореа со огнените јазици кои ја зафатија претходните денови Малешевијата, им беа доделени благодарници од страна на градоначалникот Пекевски, како и македонско вино и скромни подароци.
На нашата дипломатска мрежа дадена и е итна инструкција да стапи во контакт со министерствата за надворешни работи во земјите на нивното покривање, со цел координација при евентуално организирање групни хуманитарни летови за извлекување на нашите граѓаните затекнати во Авганистан, информира Министерството за надворешни работи.
Ј. Ѓ.