Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од предизвикување на „контролиран пожар“ над село Барово, со кој се прави заштитен појас преку кој огнот нема да може да помине.
„По мој предлог со подршка на француските противпожарни експерти и нашите пожарникари, со логистичка подршка на градоначалникот на општина Демир Капија Лазар Петров кој цело време е со нас, со т.н. контролиран пожар правиме заштитен изгорен појас над село Барово, преку кој огнот, доколку дојде до селото, нема да може да помине.“, објави Ангелов.
Ј. Ѓ.