Пејачката и радиоводителка Марија Каева по подолго време повторно се појавува на музичката сцена со нова песна и видео спот. Како што објави таа „Добро утро“, е една од осумте нумери кои ќе бидат издадени како албум, што е работен со Владан Дробицки.
Текстот е на Марија Каева, а музиката е на Марија Каева и Илин Дробицки. Аранжманот го потпишува Илин Дробицки.
Во изминативе осум месеци со Владан Дробицки работевме на осум песни кои наскоро ќе бидат издадени како албум. Ова е првиот сингл на кој ни гостува тринаесет годишниот автор Илин Дробицки кој ме однесе во еден поинаков музички свет и ме инспирираше да се надоврзам вокално на една негова песна во која се чини времето тече сосема поинаку, вели Каева.
Видео спотот го изработил Мирко Попов, а омотот на синглот е на Виолета Качакова.
Вокали/пратечки вокали: Марија Каева; Синт и програмирање: Илин Дробицки; Тромбон: Владан Дробицки; Музика: Марија Каева и Илин Дробицки; Текст: Марија Каева.
Аранжман: Илин Дробицки
Продуцент: Владан Дробицки
PMG Recording
J. Ѓ.