Од извори блиски до ВМРО-ДПМНЕ се дознава дека во највисокиот ешалон на партијата имало жестоки расправии и викотници низ ходниците околу недоличното однесување на партискиот шеф на социјалните мрежи каде што тој пцуе и се кара со луѓето што коментираа под неговиот пост.
Фронтлајн претходно објави дека под објавата на Мицкоски на неговата Фејсбук страница на 12 август 2021, се забележуваат голем број нервозни реакции на Мицкоски, меѓу кои и груби пцости.
Според изворите на Фронтлајн, во врвот на партијата веќе подолго време има големи несогласувања за важни прашања. Се зборува за тоа дека актуелниот шеф често ги губи нервите, се слушаат викотници низ ходниците, а партискиот шеф не престанува недолично да се однесува и да ги навредува луѓето околу него.
Според изворите, веќе никој не му се плаши на Мицкоски, така што, ако порано само се шепотело зад неговиот грб, сè повеќе луѓе, меѓу кои и членови и активисти од пониските партиски ешалони, отворено го критикуваат и му се спротивставуваат.
Д. Е.