На граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, утринава се чека околу 30 минути за влез и излез од земјава, а на останатите гранични премини нема подолги задржувања, информира Авто мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен.