ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гутереш: Авганистан излегува од контрола, талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата

August 14, 2021 09:37
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш   ги повика талибанците веднаш да ја прекинат офанзивата во Авганистан и предупреди дека „Авганистан излегува од контрола“.

– Ова е момент за запирање на офанзивата. Ова е момент за почнување сериозни преговори. Ова е момент за да се избегне продолжена граѓанска војна или изолација на Авганистан”, изјави Гутереш, пренесува МИА.

Талибанските милитанти зазедоа три големи авганистански градови и голем број провинциски главни градови, забележувајќи големи воени успеси во последните недели на терен, а исто така го затегнуваат обрачот околу Кабул, чија судбина сега е неизвесна.

Гутереш ги повика сите страни да направат повеќе за заштита на цивилите.

Тој, исто така, рече дека е „длабоко вознемирен од првите индикации дека tалибанците воведуваат строги ограничувања за човековите права во областите под нивна контрола, особено правата на жените и новинарите“.

„Особено застрашувачки се потресните извештаи за одземање на тешко стекнатите права на авганистанските девојки и жени“, рече тој.

Под талибанска власт помеѓу 1996 и 2001 година, жените не можеа да работат, а на девојчињата не им беше дозволено да посетуваат училиште. Жените мораа да го покријат лицето и да бидат придружувани од роднина од машки пол, доколку сакаат да ја напуштат куќата.

ОН  ја набљудуваат и проценуваат безбедносната состојба во Авганистан „час во час“ и преместуваат дел од персоналот во Кабул, но не евакуираат никого од земјата, изјави портпаролот на ОН.

ОН има околу 3.000 локални вработени и околу 300 меѓународни лица во областа во Авганистан.

Next Post

Талибанците ја зазедоа главната радио станица во Кандахар и ја нарекоа „Глас на шеријатот“, музика повеќе нема да смее да се пушта

Shortcut

Најново

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

Емоционалноста како сила: Дороти Пачкова во „Развојна академија“ отвора разговор за ранливоста, зрелоста и автентичноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk