ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица

August 15, 2021 11:51
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ
фото: МИА

фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Се уште се активни пожарите кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај, кај селото Горно Мелничани во Центар Жупа, во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп, соопштија на редовната претпладневна прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Според денешните информации кои ги добивме од ситуациониот центар, пожарот кај Буковиќ, Раовиќ во Општина Сарај е се уште активен каде гори мешана шума. Во текот на вчерашниот ден беше извршена комплетна претрага и догасување на постоечките жаришта, а како поддршка се приклучи и црногорскиот хеликоптер којшто со 12 налети испуштајќи голема количина на вода. Но, најверојатно се работи за спрецифично земјиште кое и покрај 17-те тона вода кои вчера беа фрлени врз овој пожар, не се супеа целосно да се изгаси, истакна на прес-конференција Надица В’чкова, портпарол на ЦУК.

Пожарот помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија, каде гори нискостеблеста мешана шума е повторно активен и во текот на вчерашниот ден беше ставен под контрола. Утрово од 5 часот на терен интервенираат пожарникари од Територијалната противпожарна единица од Неготино, ШС Демир Капија, како и група од месното население. Повеќе информации околу состојбата со овој пожар од ЦУК најавија на попладневната прес-конференција.

Состојбата со пожарот кај селото Горно Мелничани е се уште непроменета, односно пожарот е се уште активен. Во гаснењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во Општина Центар Жупа, како што јави дописничката на МИА од Дебар, од утрово вклучени се два хелкоптера, по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума. Пожарот, кој вчера беше ставен под контрола повторно се распламти на што влијаеше и ветерот, осебно во ноќните часови.

– Во неговото гаснење се вклучени и над 100 лица, од противпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како  вработени од општината, изјави за МИА, Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

В’чкова информира дека повторно е активен и пожарот во атарите на селата Ракле, Никодин и Топлица во Општина Прилеп. Гори кракот од село Ракле спрема село Крстец, а рано утрово на терен се испратени едно противпожарно возило и четири пожарникари, како и пет вработени од ШС Црн бор од Прилеп. Пожарот е на тешко пристапен терен.

Според ЦУК, ставени се веќе под контрола пожарите помеѓу селото Црвена вода и Планинарскиот дом Китка во Општина Студеничани, и пожарот на планината Кожув кај местото викано Круша, Гевгелиско, а утрово на терен е излезена екипа на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија и ШС Кожув.

Next Post
EPA/DARKO ANDONOVSKI

Пладневен преглед: Гори кај Горно Мелничани, гасат два хеликоптери, Наум Стоилковски повторно со лажна вест, Талибанците влегоа во Кабул

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk