ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Како ќе изгледа новата Универзална сала во Скопје

August 15, 2021 14:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, објави фотографии од новиот изглед на внатрешноста на Универзалната сала во Скопје.


„Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме сè и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопачената политичка логика на ДПМНЕ, туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот. Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните.“, објави Шилегов

Градоначалникот истакнува дека со ова еден од децениските проблеми, еве веќе се решава.


Владата одвои 120 милиони денари, средства од буџетот на државата, за реализација на овој проект од огромно значење за македонската и скопска култура и традиција. Универзална сала, како што рече Шилегов на промоцијата на изведбениот проект за реконструкција на Универзална сала, беше, е и очигледно останува омилена културна институција на многумина скопјани.


Тој тогаш потсети дека идејата да се сочува Универзална сала во постојнатата форма и на постојната локација дојде по опсежна и отворена дебата и додаде оти се слушна волјата на скопјани и на јавноста.

Архитетктот Муча при презентацијата на проектот појасни како таа ќе изгледа во иднина.

– Се задржува постоечката форма, се прави внатрешна реорганизација на просторот, се вметнуваат нови современи материјали во фасадата, пред се поради енергетската ефикасност, но со мали корекции во постоечката конструкција се зголемува и противпожарната заштита, рече Муча. Тој изрази надеж дека Универзална сала наскоро повторно ќе блесне во стариот сјај, како порано.

Ј. Ѓ.

 

Next Post

Во тетовските болници голем наплив на пациенти од Ковид-19, се размислува за дополнителни локални мерки

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk