Ковид-19, со сигурност не донесе ништо добро, и премногу видовме. Маски, социјална дистанца, карантини и секакви ефективни мерки не допридонесоа да се смали заразата со вирусот… „The Guardian“ ги објаснува неколкуте митови врзани со овој вирус.
Немам никакви симптоми, па дури и да имам коронавирус , нема да го пренесам на никој друг
Погрешно! Луѓето кои никогаш не добиваат симптоми од коронавирус се помалку заразни од луѓето кои добиваат симптоми, но сепак можат да имаат високи вирусни оптоварувања и да го пренесат вирусот. И врвната заразност кај оние кои развиваат симптоми е всушност ден -два пред да почнат да се чувствуваат лошо.


Бидејќи луѓето кои се чувствуваат добро, има многу поголема веројатност да излезат надвор отколку оние што се чувствуваат лошо, луѓето кои имаат коронавирус или без симптоми или пред да добијат симптоми, придонесуваат многу да се прошири вирусот.
Нема да се заразам со вирусот затоа што сум целосно вакциниран
Ова не е вистина. Има многу документирани случаи на целосно вакцинирани луѓе кои се заразиле со коронавирус. Вакцините се неверојатно добри за да не заштитат од сериозно заболување, но помалку добри за да не спречат да се заразиме.


Податоците од Империјалната студија REACT сугерираат дека вакцините се некаде помеѓу 50% и 60% ефикасни во спречувањето на инфекцијата (без оглед на тоа дали ќе добиеме симптоми).
Веќе прележав коронавирус, па не ми треба вакцина
Прележаниот коронавирус ни дава разумна заштита од повторно инфицирање, но не е толку добра како заштитата што ја добиваме од вакцинирање. Имунитетот од вакцинација трае подолго и е поцврст за нови варијанти. Ако веќе сте прележале коронавирус, тогаш вакцинацијата му дава дополнителен силен поттик на вашиот постоечки имунитет.
Имам добар имунолошки систем, така што не ми треба вакцина
Сигурно дека да се има добар имунолошки систем е подобро отколку да се има лош, но претходно здравите луѓе сè уште можат да се разболат со коронавирус, вклучително и да завршат во болница и да умрат. И не се работи само лично за нас самите.
Можеби ќе се заразиме со коронавирус и ќе го надминеме без проблем, или дури и да немаме никакви симптоми, но кого сме заразиле? Сите ние можеме да стапиме во контакт со ранливи луѓе во супермаркет, во јавен превоз, во посета на семејството или во разни други места.
Маските не функционираат
Сега знаеме дека коронавирусот најчесто се пренесува преку воздух и се шири од луѓе што дишат, зборуваат, викаат и пеат.
Маските во никој случај не се совршени, но тие запираат многу од нашиот здив што го погодува туѓото лице кога комуницираме со нив.
Овој „бран“ е последен…
Имаше наслови кои секој од претходните бранови го нарекуваа последен, и тие беа погрешни.
Владите велат дека работите се непредвидливи и многу експерти очекуваат инфекциите повторно да се зголемат додека влегуваме во есен и зима.
На самите нас останува како ќе допридонесеме во намалувањето на овој вирус. Од нас зависи дали и маските, и мерките ќе останат во сила, но едно е сигурно, а тоа е дека вирусот е навистина опасен и треба да се придржуваме до советите од надлежните.
подготви: М. Миткоска