Филипче најави нова рестрикција: За влез и излез од државава ќе се бара сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид 19.Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес конференција посочи дека утринава на состанокот со Комисијата за заразни болести било разговарано за нова мерка која ќе биде предложена до Владата во текот на утрешниот ден.
Филипче повикува на максимално почитување на мерките и вакцинација која штити од тежок тек на болеста и смртен исход. Менаџирањето на ситуацијата индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога на сила стапуваат новите мерки, рече Филипче на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација проф. д-р Александра Грозданова.
Реакции: Специјализантите и младите лекари бараат заштита за медицинскиот персонал од антиваксерите. Доколку било кој наш колега биде нападнат или вознемирен од толпата која протестира ќе прекинеме да лекуваме и ние ќе излеземе на улица.“, реагираат од Асоцијацијата на специјализанти.
МВР: Прифатниот центар за странци нема никаква врска со мигрантите, за таа намена функционираат два транзитните центра во Гевгелија и Табановце. Прифатниот центар во Гази Баба функционира непрекинато веќе 20 години, а согласно Законот за странци од март 2006 година центарот станува Прифатен центар за странци и од тогаш сѐ уште функционира во истата форма и служи за истата намена.