ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рестрикциите во сила – сертификат за вакцинација или потврда за скоро прележан ковид за влез во угостителски објекти, нема настани на затворено

August 16, 2021 09:04
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска стапуваат во сила новите рестриктивни мерки со кои за влез во угостителските објекти и на организирани настани ќе мора да се приложи сертификат за примени вакцини или потврда за прележан Ковид-19 во изминатиот месец и половина. Со новите мерки целосно се забранува и одржување настани и работа на угостителските објекти на затворено.

Угостителските објекти мора да имаат редарска служба која ќе врши контрола, а се најавуваат и засилени инспекциски контроли.

Надлежните велат дека мерките се носат со цел да се заштити јавното здравје и да не се доведе државата во ситуација повторно да воведува локдаун и целосно затворање на одредени дејности.

– Секој има право да избере дали ќе се вакцинира или не. Но, државата мора да води грижа за колективното здравје. Ако јас одлучам да не ја примам вакцината и влезам во простор каде има повеќе од 30 луѓе, ризикувам сите останати 29 луѓе да бидат заразени од мене. Грижата на државата е во колективното здравје. Апелирам да се вакцинираме затоа што засега тоа е единствениот начин да ја победиме пандемијата и да се вратиме на нормалниот живот, изјави вчера премиерот Зоран Заев.

И министерот за економија Крешник Бектеши вчера апелираше да се почитуваат протоколите од страна на сите дејности и најави дека на денешниот состанок на Главниот кризен штаб ќе биде разгледана и можноста освен со сертификат за вакцинација и потврда за прележан коронавирус, да се влегува и со негативен ПЦР тест, но не постар од 14 дена.

– Согласно бројките што ги имаме последните денови, се разгледуваат повеќе опции како што се воведување на потврда за вакцинација и потврда за антитела, а дополнително ќе се разгледа и можноста да се достави и ПЦР тест, но не постар од 14 дена, а секако да ги прошириме и дејностите вклучувајќи ги тука и шопинг моловите, истакна Бектеши.

И додека надлежните апелираат на масовна вакцинација за што поскоро нормализирање на состојбата, вчера во повеќе градови низ државата се одржаа протести против новите рестриктивни мерки. Според присутните, со новите мерки им се ускратува слободата на граѓаните, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат.

Министерот за здравство Венко Филипче доцна вечерта се огласи на Фејсбук порачувајќи дека вакцините и мерките се ефикасни и нагласувајќи дека вакцинацијата е доброволна.

– Протестот е уставно загарантирано право, но исто такво е и правото на здравје. Мерките кои ги предлагаме се веќе докажано ефикасни, а вакцинацијата единствен начин да се бориме против вирусот, напиша Филипче.

Во статусот, Филипче наведе дека на многу места во Европа веќе е секојдневие да се бара сертификат за влез на масовни настани и во угостителски објекти и оти тоа никој не го смета за дискриминација, туку за одговорност и заштита на јавното здравје.
–  Верувам дека никој не сака, ова  да трае вечно. Иако новите соеви носат неизвесност, сепак искуствата од земјите каде има висок процент на вакцинирани лица потврдува дека вакцините се ефикасни и за новите соеви. Друго оружје против вирусот немаме и силно верувам дека сите ова ќе го разберат што поскоро, за да можеме да ја вратиме слободата и да го заштитиме нашето здравје и здравјето на најблиските, истакна Филипче, додавајќи дека секој кој се обидува да прикаже дека се врши наводна присилна вакцинација, ја манипулира јавноста.
Новите рестриктивни мерки се носат по зголемување на бројот на новозаразени во изминатиот период. Вчера, Министерството за здравство регистрираше нови 807 случаи од направени  6.980 тестирања. Во изминатото деноноќие починаа 10 лица од кои најмладиот пациент е на 28-годишна возраст. Најголем број нови случаи вчера беа регистрирани во Скопје – 240 по што следуваа Гостивар со 138 и Тетово со 136 нови случаи.

Алармантно е во Тетово каде само вчера имаше 80 лица на болничко лекување. Според надлежните во тетовската болница, такви бројки немале ниту во ноември лани, ниту во март/април годинава.

– Бројот се зголемува секој ден – 80 хоспитализирани, амбулантски прегледи има над 120, сите тие се со со ковид, што значи дека болницата третира околу 230 позитивни лица. Имаме прогноза дека секој ден ќе биде се  полошо. Кадарот што користи одмор се враќа назад и чекаме нови мерки, изјави вчера д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот во Тетово.

Министерството за здравство најави дека се размислува и за воведување дополнителни локални мерки за заштита од Ковид за што ќе се разговара денес.

-На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во село Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје, соопшти вечра Министерството за здравство.

Инаку, во текот на изминатата недела аплицирани се вкупно 49.569 први дози на вакцини во државата.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза, вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани, соопшти Министерство за здравство. /МИА/.

Next Post

За една недела близу 50.000 вакцинирани во државата

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk