ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Талибанците од нашето маало

Прогресивните Авганистанци се под закана по нивниот живот и бегаат пред наездата на Талибанците. Но и ние имаме Талибанци овде. Се ситат на туѓата човечка несреќа, лажат и манипулираат со емоциите на луѓето, дезинформираат. Со една цел, личен и политички профит. Погодено им е времето, идат локални избори. Повторно: Стравот го користат како оружје.

August 17, 2021 19:16
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пропагандните кујни на радикалните десничарски партии и групи, кои низ годините ги запознавме и ги запомнивме по нивниот лажен патриотизам, крвавите насилства и криминалот, тргнаа во нова кампања. Го прават тоа што најдобро го знаат: лажат и шират омраза и паника, со цел политички да профитираат.

РАЗЛИКАТА МЕЃУ ХУМАНИТАРНА МИСИЈА И МИГРАНТСКА КРИЗА

За Талибанците од нашето маало, учеството во глобална хуманитарна мисија е мигрантска криза. Најверојатно и навистина не ја знаат разликата. И да ја знаат разликата, ќе ја премолчат.

Имаше време кога верувавме дека ги разбираат општествено политичките процеси и настани, но по толку години исполнети со манифестација на скандалозно ниско ниво на знаења и разбирање за нештата, сега можеме со сигурност да потврдиме – незнајковци се.

Бадијала им се академските титули. А тоа што се по разни катедри и ги образуваат младите е најголемиот криминал. Тоа што агитираат во училниците и универзитетските амфитеатри е најнизок, неморален чин.

Јавноста мора да биде информирана: не се соочуваме со мигрантска криза туку нашата земја учествува во глобална хуманитарна акција, за ублажување на хуманитарната и политичката катастрофа со која се соочува авганистанската нација. Уште еднаш добивме можност да се прославиме како земја отворена да помогне кога некоја друга нација е во неволја.

Нација која низ историјата ги видела ужасите на прогонот, војната и природните катастрофи, знае да процени кога и како треба да се однесува кон човечката несреќа. За среќа, мојот силен впечаток е дека повеќето луѓе во нашата земја знаат за човештина и солидарност.

ДА БИДЕМЕ БЛАГОДАРНИ ЗА ШАНСАТА ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ И СОЛИДАРНИ

Една колешка, пред некој ден, му испрати фотографија од натписот кој стои кај Универзална сала во Скопје, на која се наведени земјите кои донирале средства за да се изгради по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Прва земја на таа листа е: Авганистан! Го знаат ли тоа нашиве Талибанци?

Многумина наши сограѓани изминатите две децении беа дел од мисиите во Авганистан, работеа и заработуваа таму и парите си ги донесоа дома. Дел од нив сега се извлекуваат со хуманитарната акција предводена од американската армија. И тие ќе ни раскажат што се случувало таму. Нашите сограѓанки и сограѓани кои се извлекуваат од Авганистан живи сведоци на крвавите настани. Сигурен сум дека од нивните сведоштва ќе се увериме, уште еднаш, зошто треба да останеме хумано општество, отворено кон сите што биле, се или некогаш ќе ги снајде трагедија. Треба да бидеме благодарни за шансата да ја покажеме нашата хуманост и солидарност.

Авганистанка, дава изјава за медиумите во која вели дека Талибанците ќе ги убијат и дека на жените ќе им бидат одземени правата (скриншот од видео на лондонски „Гардијан“)

Сигурен сум дека тие што ќе дојдат од Авганистан во нашата земја ќе бидат драгоцени гости од кои ќе можеме да научиме многу. Меѓу нив, како што дознаваме од извештаите на светските медиуми, има претприемачи, медиумски работници, хуманитарци, преведувачи, студенти, интелектуалци… Меѓу нив има жени, девојки и деца кои бегаат од ужасот на талибанската крвава репресија.

Тоа се луѓето кои веруваат во демократија, слобода и еднаквост. И кои поради своето прогресивно мислење и дејствување сега се мета на екстремистите. Тоа се луѓето кои се мета на Талибанците.

И НИЕ ИМАМЕ ТАЛИБАНЦИ, СТРАВОТ ГО КОРИСТАТ КАКО ОРУЖЈЕ

Прогресивните Авганистанци се под закана по нивниот живот и бегаат пред наездата на Талибанците. Но и ние имаме Талибанци овде. Се ситат на туѓата човечка несреќа, лажат и манипулираат со емоциите на луѓето, дезинформираат.

Со една цел, личен и политички профит. Погодено им е времето, идат локални избори. Повторно: Стравот го користат како оружје.

Повторно ја гледаме македонската јавност заплашена од дезинформациите и од заканите што ги упатуваат Талибанците од нашето маало. Утрово прочитав еден текст од моите колешки и колеги во Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, со наслов „Талибанците на Левица се закануваат дека ќе влечат на хауби граѓански активисти и партиски неистомисленици“.

Веднаш потоа и манипулацијата со стара фотографија. „Од Авганистан ни доаѓаат само мажи“, се вели во новата манипулација со стара фотографија. Па и така да е, се исплашија ли нашиве „мажествени“ Талибанци од конкуренција? (Знам дека истовремено е смешно и жално, но ова најмногу ќе ги заболи.)

Нашите Талибанци сигурно не сакаат да видат дека луѓето што ќе ни дојдат од Авганистан бегаат од теророт на екстремистите, од Талибанците, бидејќи во оние што ја предизвикале нивната тешка судбина ќе се препознаат себеси. Кога на овие нашите Талибанци би им дале оружје в раце, веројатно би биле исти, ако не и многу полоши од Талибанците кои го зграпчија Авганистан со своите крвави канџи.


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот: ЦИВИЛ МЕДИА)

Next Post

Регистрирани се 999 нови случаи на Ковид – 19, 14 починати

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk