„Вознемирувачки е да се прочита дека Албанија ги прима Авганистанците само затоа што САД го побарале тоа од нас, исто колку што е лудо да им се заврти грб и да се обвинат единствено САД. Ние бевме таму како дел од НАТО и тие луѓе беа тука за нас затоа што веруваа во идеалите кои ги застапуваат САД и ЕУ, напиша на Твитер албанскиот премиер Еди Рама.
So disturbing to read that Albania is sheltering the Afghanis only because the US asked us, as it is ludicrous to turn the back on them and blame the US only.We were all back there as NATO and these people were there for us, bcs they believed in the ideals both US&EU stand about.
— Edi Rama (@ediramaal) August 18, 2021
Инаку, првите 300 Авганистанци во Албанија треба да пристигнат вечерва пред полноќ. Врз основа на одлуката на владата, овие и сите што потоа ќе допатуваат ќе бидат сместени во Тирана и во Драч, во студенски домови, како и во хотели.
Денеска студентите од седмиот и осмиот блок во студентскиот град во Тирана, почнаа да се иселуваат и да ослободуваат место за првата група Авганстанци.
Во меѓувреме американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, изјави дека САД тесно соработуваат со албанската Влада за сместување авганистански државјани во Албанија.
По средбата со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, амбасадорката Ким изрази благодарност до албанскиот народ за помошта во овој случај и рече дека авганистанските државјани ќе бидат привремено сместени во Албанија.
Прашана за нивниот број, таа изјави дека се уште нема конкретен број на Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија.