ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ел Паис: НАТО ќе биде предводен од жена, меѓу кандидатите Тереза ​​Меј, Могерини и Грабар-Китаровиќ

August 18, 2021 14:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Партнерите во НАТО веќе размислуваат кој ќе го замени Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, чиј мандат истекува во 2022 година, неофицијално потврдија извори на НАТО во Брисел, пишува шпанскиот весник Паис, пренесе МИА. Според весникот изворите не можеле да потврдат дека за функцијата шест кандидати и дека сите се жени.

Ел Паис наведува дека меѓу кандидатите се поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј, поранешната шефица за безбедност и надворешни работи на Европската унија Федерика Могерини и германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Мадридскиот весник додава дека постои големо убедување меѓу партнерите во Алијансата дека по 73 години, една жена треба да ја преземе водечката позиција во западната воено-политичка алијанса и дополнува дека „уште три кандидатки се од Источна Европа“. Според весникот, тоа се поранешната претседателка на Литванија Далиа Грибаускајте, претседателката на Естонија Керсти Калjулаи и поранешната претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ.

Новата личност на чело на НАТО ќе биде избрана следната година на самитот во Мадрид, а заеднички став на атланските сојузници е дека таа мора да биде „искусен Европеец, односно Европејка“ во политичките и геополитичките работи.

Шпанскиот весник вели дека Тереза ​​Меј веќе е неофицијален кандидат, дека нејзината предност е што има важно искуство како премиер, но некои партнери од НАТО сметаат дека не е поволен факт што Велика Британија повеќе не е членка на Европската унија , што може да предизвика недоразбирања.во време кога ЕУ сака да развие заедничка одбранбена и безбедносна политика, на што се противеше Велика Британија додека беше членка на ЕУ.

„Во игра е и името на Федерика Могерини, на која не и одат во прилог критиките за надворешната политика на ЕУ“, посочува Паис, истакнувајќи дека за Анегрет Крамп-Каренбауер, проблем претставува фактот дека Европската комисија исто така е предводен од Германка – Урсула фон дер Лејен.

Мадридскиот весник посочува дека „иако улогата на генералниот секретар може да изгледа од второстепена важност во организација во која сите одлуки се донесуваат со неопходната едногласност и неприкосновена превласт на САД, која не е доведена во прашање, таа личност сепак има клучна улога во одредување на кој и како ќе води дискусисија“, пренесува Бета.

На самитот во Мадрид следната година, треба да се усвои нова стратегија на НАТО, во која Кина се портретира како главен ривал, ако не и непријател.

И тоа е, како што објаснува Паис, „нов концепт за следната деценија, во кој е вградена Визија од 360 степени, со што се заменува претходниот концепт на одбрана фокусиран речиси исклучиво на Русија и воведува повеќекратни цели за борба против опасностите од воените и терористички, до економски, технолошки, еколошки, кои се закануваат од универзумот и кибер-просторот“.

Next Post

Севернокорејците не смеат да говорат „со јужњачки нагласок“

Shortcut

Најново

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk