Ужасни срцепарателни снимки од авганистанските мајки кои ги подаваат своите деца на британиските воени трупи на аеродромот во Кабул, за да ги спасат од Талибанците, беа објавени на социјлните мрежи и на повеќе светски медиуми.
„Мајките беа очајни. Тие беа тепани од Талибанците. Врескаа „Спаси ми го детето“ и ги подаава децата кон нас. Некои од децата паднаа на бодликавата жица“, изјави офицер на падобранска единица за Индепендент.
Ужасно беше тоа што се случи. До вечерта немаше ниту еден маж меѓу нас кој не плачеше, додал тој.
People are so desperate to escape the #Taliban that they’re passing babies and kids forward to the gate at #Kabul airport. #kabulairport #AfghanEvac pic.twitter.com/6NSlIffrD1
— Matt Zeller (@mattczeller) August 18, 2021
Срцепарателните сцени се снимени откако локалното население се обидуваше да им ги подаде децата на американските и британските војници на другата страна од аеродромската ограда, за да ги земат на евакуациските летови, и да заминат од главниот град со кој владеат Талибанците.
Од саботата досега, близу 6.000 луѓе ја напуштиле завојуваната земја.
Извор: New York Post / The Independent