пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Додека светот се прекршува околу Авганистан и последиците кои ќе ги трпат луѓето од таа држава после Талибанската окупација, Димче од Левица лови политички поени во матно и, како и по којзнае кој пат, се лизнува на сопствените повраќанци.
Како рече Димче пред некој ден: Од сите земји во светов, само Албанија, Косово и Северна Македонија ќе прифатат Авганистанци? Добро, не рече баш така. Тој својата држава во која е пратеник платен од народот си ја нарекува погрдно, со најгнасни имиња, па не се ни очекува, нешто којзнае колку да има осет за државност, кога веќе за емпатија и пристојност нема слушнато.
Многу коментари осамнаа под објавата од Димче. Многу останаа и неодговорени а во меѓувреме и избришани, кои прашуваа во насока: Каков левичар е Апасиев што не сака да помогне на друго човечко битие кое страда?
Нема да добиеме одговор од него на тоа. Толку за левичарското во Димче ќе чуете и прочитате драги мои. Ќе ве извреѓа, ќе ве избрише или блокира, ќе изнакаже куп лаги ако треба и ништо повеќе од тоа. Тој оди понатаму а оние 2.6к „лајкачки слепци“ по него.
Ајде сè тоа да му одземеме на невоспитување, но барем да не се истрчува со манипулации и дезинформации кутричкиот, ќе му биде многу политички попаметно.
Еве што вели Стејт департментот, кои сè држави во светот ќе прифатат Авганистанци – луѓе во неволја.
Покрај Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Словенија и Косово, овој документ го парафираа членките на ЕУ, како и други земји во светот. Земјите потписнички се: Албанија, Австралија, Австрија, Бахами, Белгија, Буркина Фасо, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, Брегот на Слоновата Коска, Хрватска, Чешка, Данска, Доминиканска Република, Ел Салвадор, Естонија, висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Микронезија, Фиџи, Финска, Франција, Грузија, Германија, Гана, Грција, Гватемала, Гвајана, Хаити, Хондурас, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Косово, Летонија, Либерија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Малта, Маршалските Острови, Мавританија, Црна Гора, Науру, Холандија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Нигер, Норвешка, Палау, Панама, Парагвај, Полска, Португалија, Кватар, Јужна Кореја, Кипар, Романија, Сиера Леоне, Словачка, Словенија, Шпанија, Суринам, Шведска, Того, Тонга, Уганда, Обединетото Кралство, Украина и Јемен
Е, мое Димче, Димче… засега седумдесет и кусур земји ќе им подадат рака на луѓето од Авганистан, а не само ние Албанија, и Косово, како што тебе ти се гледа со твојот кусоглед политикански диоптер.
Малциозноста и немањето емпатија не можат да се скријат, тие се гледаат во гневот, во лошотилакот, во ликот, ама бар срамот да знаеш да си го покриеш и да не пласираш лаги. Ако не за друго, туку за дигнитетот на професорската ти и докторска титула со која грлце искинуваш од истакнување, неа да ја поштедиш.
Текстот е личен став на авторот