ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, продолжува со навреди и клевети кон граѓански активисти и медиуми

August 20, 2021 16:14
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

ВМРО-ДПМНЕ, како и Левица, се ноторно познати по ширење говор на омраза и дезинформации. Тие се често опфатени во извештаите и анализите на релевантни меѓународни и домашни организации, а само една од нив е и студијата за дезинформациите во издание на Европскиот парламент.

Во еден од своите најнови напади против граѓанските организации, портпаролот на парламентарната политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук го клевети и му се заканува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, при што меѓудругото пишува:

Едноставно “Диктатор не сме пасти”!
Изгледа Саше Политико е на задача да го мачка со фактор 50вче диктаторот, па на кратко улогата најдолна релативизаторска задача ја презеде Џабир Дерала.
Ќе видиме наскоро колку чинат невладината, два медиуми, говорите по митинзи, релативизирањето…

Ова го пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Дали е воопшто потребен коментар на ваквото однесување на цела една голема парламентарна политичка партија во јавната комуникација? Ваквите објави несомнено упатуваат на тоа дека официјална политика на ВМРО-ДПМНЕ е да напаѓа граѓански организации и медиуми со навреди и клевети, со што предизвикува говор на омраза и поттикнува насилство! Понекогаш се чини дека политичките партии уште пожестоко се нафрлуваат врз граѓанските организации, активисти и новинари, отколку што дејствуваат против своите директни политички конкуренти. Тоа, меѓу другото, беше констатација и на меѓународната конференција на ЦИВИЛ „Напади врз демократијата и човековите права“ што се одржа на 28 јули годинава.

Ова не е единствен случај на портпаролот на најголемата опозициска партија да го клевети и навредува граѓанскиот активист Дерала и ЦИВИЛ МЕДИА.

ЦИВИЛ и Дерала во текот на изминатите три години на адресата на ВМРО-ДПМНЕ испратија стотина, можеби и нешто повеќе прашања. Ниту еден одговор не пристигна назад. За разлика од портпаролот Стоилковски кој, кога веќе се занимава со граѓански организации и медиуми, ниту еднаш не испрати прашања на официјалните е-маил адреси на организацијата или медиумот кој ги клевети и навредува постојано!

ЦИВИЛ беше, е, и ќе остане доследен на своите позиции на антинационализам, на заложбите за човекови права и слободи и на борбата против дезинформациите и нападите врз демократијата, колку и да не им се допаѓа тоа на одредени политички структири. ЦИВИЛ никогаш нема да потклекне на нападите и секогаш ќе се бори за подобро општество. ЦИВИЛ МЕДИА ќе продолжи да им „боде очи“ на политичките и други структруи кои шират национализам, говор на омраза и дезинформации.

Извор:  ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Сојузот на средношколци ја поздрави одлуката за отворање на училиштата и апелира да се почитуваат протоколите

НАЈНОВО

ДЗР: Системот за интегрирано планирање на ресурсите што го користат голем дел од институциите од јавниот сектор е без соодветна заштита на податоците

August 25, 2025

Арка-Борец балкански шампион во кајак на диви води

August 25, 2025

Грилиш: Не престанав да го сакам фудбалот во последните неколку години, но не уживав толку многу во него

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk